ВЕСЕЛА ПОГАЧА…Се кине на конци, мека е како памук и многу вкусна…ја правам за секој празник…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Добриана Димова):
42 г свеж квасец
500 мл млеко
2-3 лажици јогурт или кисело млеко
4 јајца (2 жолчки за премачкување)
1 лажица сол
1 лажица шеќер
5 лажици масло
1 лажица оцет
100 г путер
околу 1,3 кг обично брашно
тепсија 34 см
ПОСТАПКА:
1.Во сад скршете ги јајцата и од вкупната количина одвојте 2 жолчки кои ќе ви бидат потребни за премачкување. Растворете го квасецот во топло млеко со шеќер. Кога ќе се активира, додајте јогурт, јајца, масло и оцет.
2.Соединете сè, а потоа постепено додајте брашно и сол. Замесете мазно тесто. Покријте го и оставете го да ферментира 1 час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
3.Тестото нежно премесете го, па поделете го на 6 топчиња од по 130 г, 6 топчиња од по 200 г и 1 топче од 245 г. Оставете да одморат 10-тина минути покриени.
4.На набрашнета површина развлечете ги 6-те топчиња од по 200 г. Секоја кора до половина премачкјате ја со растопен путер, а на другата половина направете засеци со широчина од 7-8 мм.
5.Свиткајте ги во ролати започнувајќи од несечената страна. Свиткајте ги како потковица и наредете ги во тепсијата околу обрачот, а во секој полукруг ставете по едно топче од 130 г.
6.Преостанатото тесто од 245 г поделете го на 4 дела и обликувајте топчиња. Три од нив развлечете ги во кори со големина на мала чинија.
7.Наредете ги една врз друга, помеѓу премачкани со растопен путер. Последната не ја премачкувајте. Исечете 6 триаголници. Во средината на секој триаголник направете засек и низ него протрете го едниот агол.
8.Овие долгнавести „ливчиња“ сместете ги помеѓу секоја од топчињата. Во средината ставете го преостанатото мало топче.
9.Погачата оставете ја покриена на топло да ферментира за да го зголеми волуменот, а потоа премачкајте ја со жолчки во кои сте додале 1-2 лажички млеко и декорирајте со семки од тиква и сусам.
10.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-50 минути. Кога печете погачи премачкани со жолчки, во зависност од рерната, може пребрзо да почне да ви потемнува од горната страна.
Во тој случај, некаде на средината од печењето прекријте ја со парче алу-фолија (не ја затворајте, само прекријте) и довршете го печењето.
11.Печената погача додека е топла премачкјате ја со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ. Како се замесува тестото за погача пред обликувањето, погледнете ОВДЕ.