ВЕЛИГДЕНСКИ КОЗИЊАК…Од едно тесто правам три плетенки со различен вкус…Испробајте го рецептот на Орхидеја. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брашно
350 мл топло млеко
2 кесички сув квасец
5 лажици шеќер
1 лажичка сол
300 мл топла вода
50 мл масло
2 јајца на собна температура
рендана кора од 1 портокал
И уште:
100 г суво грозје
џем
јајце + 1 лажица масло за премачкување
сусам за посипување
ПОСТАПКА:
1.Во топлото млеко растворете го шеќерот, додајте го квасецот и оставете 10-тина минути да се активира. Во брашното направете бунарче во средината и додајте ги сите наведени количи. Замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака.
2.Обликувајте топка, премачкјате го со масло, покријте го со кеса (најлон фолија) и крпа, па оставете го да ферментира еден час или колку што е потребно за убаво да го удвои волуменот.
3.Стасаното тесто истресете го на набрашнета површнина и поделете го на три дела. Обликувајте топки и покријте ги за да не се сушат.
4.Развлечете го првото тесто во кора со правоаголна форма и дебелина од 3-4 мм. Врз цела површина посипете суво грозје и здиплете го на неколку пати а помеѓу (на новите површини) повторно посипете суво грозје.
5.Ролатот малку сплескајте го со оклагијата, а потоа свиткајте го како топка. Вака здиплено посипете го со малку брашно и оставете го покриено да одмора 20 минути. Повторете ја постапката на диплење и со останатите теста, но без суво грозје.
6.ПРВ КОЗИНАК: Поделете го тестото на три топчиња, а секое развлечете го во долгнавесто валјаче. Сплетете плетенка така што ќе ги поставите валјаците ѕвездесто (да се преклопуваат на средината).
7.ВТОР КОЗИЊАК: Поделете го тестото со суво грозје, исто како и претходното, на три топчиња, па сплетете го во плетенка.
8.ТРЕТ КОЗИЊАК: Поделете го тестото на три топчиња. Секое топче развлечете го во долгнавеста кора. Во средината нанесете џем, преклопете и добро затворете за да не истекува при печењето, па обликувајте валјачиња.
9.Сплетете плетенка на вообичаен начин. Плетенките поставете ги во плех обложен со хартија за печење (или посипан со брашно) и покријте ги со кеса за да не се сушат и оставете ги да ферментираат 15-тина минути.
10.Премачкјате ги козинаците со изматено јајце и посипете ги со сусам по желба. печете ги во загреана рерна на 180 степени, 40-тина минути или додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.