Home ТЕСТО ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ЛЕБ…Дедо ми ме научи на една тајна…Поради една состојка се добива...

ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ЛЕБ…Дедо ми ме научи на една тајна…Поради една состојка се добива неверојатен вкус…

ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ЛЕБ…Дедо ми ме научи на една тајна…Поради една состојка се добива неверојатен вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млака вода
10 г сув квасец
1 супена лажица шеќер
30 мл масло
500+200 г брашно
2 лажички сол
2 супени лажици ленено семе

ПОСТАПКА:

1.Во топла вода растворете шеќер и квасец. Додајте масло, 500 г брапно, ленено семе и сол, па мешајте со лажица или шпатула додека сето да се изедначи.

2.Додајте уште 200 г просеано брашно и замесете меко тесто со рака. Кога ќе стане компактно истресете го на намастена работна површина и домесете го додека да се измазни. Обликувајте топка.

3.Ставете го во намастен сад, премачкјате го со малку масло, покријте го и оставете го на топло да ферментира 45 минути или колку што е потребно за убаво да го зголеми волуменот.

4.Нежно премесете го и поделете го на два дела. Обликувајте топки. Покријте ги со крпа и оставете да одморат 20 минути.

5.Калапите за печење леб намастете ги со масло. Земете една топка и со оклагија развлечете ја во дебела кора, а потоа кората свиткајте ја во ролат. Спојте ги краевите на тестото.

6.Повторете ја постапката и со второто тесто. Ролатите ставете ги во подготвените калапи. Покријте ги и оставете да одморат 20 минути.

7.Одозгора премачкјате ги со вода и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Печените лебови оставете ги да се оладат на решетка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Y86hGb1dDZ8?si=JKDU9uolFNj2DKdG