ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ЛЕБ…Дедо ми ме научи на една тајна…Поради една состојка се добива неверојатен вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млака вода
10 г сув квасец
1 супена лажица шеќер
30 мл масло
500+200 г брашно
2 лажички сол
2 супени лажици ленено семе

ПОСТАПКА:

1.Во топла вода растворете шеќер и квасец. Додајте масло, 500 г брапно, ленено семе и сол, па мешајте со лажица или шпатула додека сето да се изедначи.

2.Додајте уште 200 г просеано брашно и замесете меко тесто со рака. Кога ќе стане компактно истресете го на намастена работна површина и домесете го додека да се измазни. Обликувајте топка.

3.Ставете го во намастен сад, премачкјате го со малку масло, покријте го и оставете го на топло да ферментира 45 минути или колку што е потребно за убаво да го зголеми волуменот.

4.Нежно премесете го и поделете го на два дела. Обликувајте топки. Покријте ги со крпа и оставете да одморат 20 минути.

5.Калапите за печење леб намастете ги со масло. Земете една топка и со оклагија развлечете ја во дебела кора, а потоа кората свиткајте ја во ролат. Спојте ги краевите на тестото.

6.Повторете ја постапката и со второто тесто. Ролатите ставете ги во подготвените калапи. Покријте ги и оставете да одморат 20 минути.

7.Одозгора премачкјате ги со вода и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Печените лебови оставете ги да се оладат на решетка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Y86hGb1dDZ8?si=JKDU9uolFNj2DKdG