Варената пченица е голема ризница од нутриенти, а во комбинација со мед и јаткасти плодови, таа е уште повкусна и поздрава. Во минатото, оваа популарна житарица со години се служела како основна суровина во човечка исхрана бидејќи била најевтина и најлесно достапна исхрана на луѓето.




За што е здрава зготвената пченица? Превенција на болести. Едно истражување покажало дека конcyмирањето мала доза пченични житарици дневно може да ја намали концентрацијата на жолчни киселини и бактерии во столицата, за кои се смета дека се причина за заболување на дебелото црево.

пченица




Регулација на телесната т ежина. Употребата на интегрална пченица може да помогне во регулирање и одржување на телесната т ежина, бидејќи спречува појава на метаболички синдром на акумулација на маснотии во стомакот, а во исто време обезбедува оптимална количина на нутриенти кои помагаат во одржување на добриот холестерол, триглицериди и одржување на кр-вниот притисок во нормала.




Третман на хронично воспаление. Варената пченица е богата со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во ублажување на хроничните воспалителни процеси, а притоа помага во празнењето на цревата и делува како природен лаксатив.




Целата пченица, а особено житариците, делуваат како природен лаксатив, бидејќи се богати со растителни влакна, фосфор и витамини од групата Б. Во продолжение прочитајте го здравиот рецепт за пченица со мед и јаткасти ореви:




За да ја сварите пченицата ќе ви бидат потребни следниве состојки: 100 г пченица, 100 г семе од афион (мак), 200 г суво грозје, 200 г ореви, мед по вкус, малку сол, 1 литар и 200 мл обична ладна вода и уште малку вода по потреба.




Постапка: пченицата се става во подлабок сад и се прелива со вода, да отстои преку ноќ. Следниот ден, се процедува водата, а пченицата се става во поголемо тенџере каде што сте зовриле 1,2 л вода. Запомнете, на 100 г пченица секогаш оди 300 мл вода.




Во случајов ние имаме 400 г пченица и користиме 1200 мл вода. Исто така, како мерка за колку вода оди на пченицата е кога ќе ја ставите во тенџере, водата треба да биде на ниво од 4 прсти повеќе од пченицата.




Прво водата се става во тенџере и се остава да зоврие со наросување на прстофат сол, температурата на ринглата се намалува на средно-ниска и пченицата се готви околу 30-40 минути, додека да ја апсорбира целата вода и да омекне. Гответе со повремено мешање и пченицата варете ја во поклопено тенџере со соодветниот капак.




По варењето, во врелата пченица се додава мед по вкус. Јас додадов 2 полни лажици мед, но може и помалку бидејќи и сувото грозје е доста благо. Семето од афион (мак) се прелива со врела вода и се остава да отстои 15-тина минути во водата.




Оревите ситно се сечкаат, а потоа и врз сувото грозје се прелива со вода и се остава да отстои 10 минути, па и водата од него се процедува. Ја процедувате и водата од афионот и во нив се додава 2 полни лажици од сечканите ореви, па смесата се блендира.

По отстојувањето на сувото грозје во вода, се процедува и се додава во тенџерето со пченицата. Се додава и афионот и преостанатата количина сечкани ореви и сè заедно се меша. Се послужува топло или ладно, и по желба се наросува со цимет. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.