ВАНИЛИЦИ-БАКНЕЖИ: Најдобриот рецепт стар 50 години – Лапни-голтни! Вкусни, се топат во уста

Фото и рецепт: Рената Трајчевска

Рецептот за овие ванилици-бакнежи кои се топат во уста го објави нашата драга Рената Трајчевска во нашата и ваша група НМД рецепти. Рецептот во нивното семејство се приготвува веќе 50 години. Превкусни се, лапни-голтни, се топат во уста!

“За секој празник мајка ми ги приготвува овие ванилици, а јас и помагам и асистирам.”- вели Рената.

Потребни состојки:

3 жолчки
5 лажици шеќер
250 г маргарин/путер
300 г брашно + по потреба
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
3 белки
10 лажици шеќер

Постапка:

Маргаринот пенасто се мати со шеќерот, па една по една се додаваат жолчките. Во смесата се додава 300 г брашно преткодно измешано со прашок за печиво и ванилин шеќер, а по осет на рака, доколку е потребно, додадете уште малку брашно.

Од тестото се развлекува кора со дебелина од околу ½ прст, се вадат кругови со ракиена чашка и се редат во плех обложен со хартија за печење, на растојание од два прсти.

Се матат белките со 10 лажици шеќер во цврст снег. Врз секоја ванилица се става по едно лажиче од снегот и се формира како пусличе.

Ванилиците се ставаат во загреана рерна на 180 степени, но се внимава да останат бели.

Печените ванилици се оставаат да изладат, па две по две се спојуваат со помош на џем од кајсии. Одозгора се наросуваат со шеќер во прав.

Фото и рецепт: Рената Трајчевска

Претходна статијаЗИМСКИ КУГЛОФ СО ПАРЧИЊА ПОРТОКАЛ – Најдобриот ароматичен куглоф кој ќе го пробате сезонава!
Следна статијаКолку долго корона вирусот може да живее на површините и како да се дезинфицираат куќата и рацете?