Кога станува збор за корона вирусот, изгледа дека добрата хигиена е најдобрата одбрана.

Доказите велат дека корона вирусот главно се шири преку респираторни капки кои лебдат во воздухот кога заразеното лице ќе кивне или кашла.

Тие капки може да слетаат на површината околу вас и да останат на тоа место некое време. Обичните вируси се задржуваат до 48 часа, додека некои истражувања велат дека корона вирусот на собна температура може да преживее и до 9 дена.

Поновите истражувања велат дека овој вирус може да се шири и преку измет, па доколку лицето не ги измие рацете после голема нужда, може да ја зарази околината и со корона, покрај останатите вируси.

Дали влажните марамчиња можат ефикасно да ја исчистат површината и рацете од вирусот?

Веројатно сте слушнале дека е неопходно површините да се дезинфицираат за да се заштитите од овој вирус. Влажните марамчиња убиваат до 99,9% од бактериите, па така можат да го отстранат и корона вирусот од површината, но само ако правилно се користат.

Забележано е дека луѓето погрешно ги користат влажните марамчиња, бидејќи бришејќи ја површината, си би бришат и рацете, и на тој начин ги расејуваат бактериите наоколу.

Со само едно марамче се пребришува само мала површина, по што веднаш се фрла истата. После бришењето веднаш се мијат рацете со сапун и вода. Површините е потребно да се пребришуваат еднаш до трипати дневно.

Еве како правилно се дезинфицираат површините за да се остане здрав:

Бидејќи сега знаеме дека корона вирусот може да се пренесе и преку измет, мора да водиме сметка како пуштаме вода во wc шолјата, и како правилно се дизинфицира.

Секогаш при пуштање на вода во wc шолјата, задолжително спуштете го капакот, а дури потоа пуштете ја водата. После чистењето, задолжително дезинфицирајте ја шолјата со алкохол или асепсол.

Покрај тоа, нашите раце се најголемиот преносител на бактерии. Според некои истражувања, дневно сме во состојба да си го допреме лицето и до 23 пати на час. Поради тоа, внимателно мијте ги рацете и обидете се што помалку да си го допирате лицето.

Рацете морате да ги триете со сапун најмалку 20 секунди и тоа како да сте хирург кој се подготвува за операција. Кога ќе ги истриете рацете, исплакнете ги под млаз со млака вода.

Не заборавете добро да ги исушите рацете, бидејќи вирусот може да остане на мокри раце. Дезинфекционите средства за раце не се така добра заштита како што е сапунот и водата.

Сепак, ако не сте во можност да ги измиете рацете, земете средство за дезинфекција на раце, па добро истријте ги и оставете кожата сама да се исуши.

Кога ги бришете рацете, користете хартиени салветки, а не памучни марамчиња или пешкири. Хартиените салветки веднаш по користењето фрлете ги во канта за отпадоци.

Маските за лице не можат многу да ве заштитат. Ако сте веќе болни, носете ги, затоа што на тој начин ќе спречите да ги ширите вирусите и да заразувате други луѓе.

Внимавајте на себеси и не дигајте паника. Хигиената е сепак половина здравје.