Ванилин кифли со ореви за 20 минути – излегува цела тепсија и траат долго време

Потребни состојки:

350 г брашно (половина меко, половина остро)

100 г мелени ореви или пржени лешници

200 путер/маргарин

Loading...

80 г шеќер во прав

1 белка

Шеќер во прав за валкање на кифличките

Постапка:

Измешајте го брашното и просејте го. Додадете исто така, просеан шеќер и на листови сечкан путер или маргарин. Измиксајте со спирални продолжетоци, па кога ќе добиете изедначена смеса, додадете една белка, па уште еднаш промешајте.

Откако ќе одмори половина час во фрижидер, тестото поделете го на 4 дела. Земете една четвртина и направете долг валјак со дебелина на прст.

Останатите 3 теста чувајте ги во фрижидер бидејќи полесно се работи со ладно тесто. Сечете валјачиња со должина од околу 7-8 см (мерка нека ви биде показалецот), уште малку валајте ги и подвиткајте ги краевите. Од оваа количина ми излегоа една тепсија кифлички (30х35 см), ама доста блиску ги редев.

Вие ако сакате можете и во две тепсии да ги наредите. Тепсиите да бидат намастени или обложени со хартија. Се печат во загреана рерна на 170 степени околу 10-15 минути, на средна висина (должината на печењето и температурата најмногу зависи од вашата рерна). Кифличките не смеат да потемнат.

Печените кифлички извадете ги од рерна и оставете ги малку да изладат, па валкајте ги во шеќер во прав. Кога се потопли се лепи повеќе шеќер на нив, па ако сакате помалку оставете ги целосно да изладат.

Изладените кифлички можете да ги чувате во затвирен сад на собна температура и до една седмица. Не се чуваат во фрижидер! Вториот ден се најтврди, но веќе третиот ден стануваат супер ровки и меки.

Loading...