Прекрасен куглоф со вкус на ванила, послужете го со кафе, сок или чај.

Потребни состојки: 3 јајца, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 200 мл јогурт, 200 мл масло, 1 лимон – рендана кора, 250 г остро брашно, 1 пудинг од ванила, 1 прашок за печиво. За наросување: шеќер во прав

Постапка: Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилин шеќерот додека да станат пенасти. Додадете јогурт и масло.

Во течната смеса додадате го и брашното помешано со прашок за печиво и прашокот од пудингот. Сето убаво промешајте го за да нема грутчиња.

Смесата излејте ја во добро намастен калап за куглоф. Израмнете и ставете во загреана рерна да се пече на 180 степени околу 40 минути.

Печениот куглоф оставете да 5 минути да одмори, па превртете го врз чинија за послужување. Наросете го со шеќер во прав.