Home ТЕСТО Вакви кифлички не сум направила…Излегоа најмеки од сите досега!

Вакви кифлички не сум направила…Излегоа најмеки од сите досега!

Вакви кифлички не сум направила…Излегоа најмеки од сите досега! Многу се декоративни, меки и вкусни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл млако млеко
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
80 мл масло
100 мл јогурт на собна Т
550 г брашно Т400 меко

За фил:
200 г ситно сирење
1 белка
1 жолчка за премачкување на кифлите

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете средно меко тесто. оставете на топло да ферментира додека да го удвои волуменот. Потоа премесете го и поделете го на 15 топчиња по 60 г. Оставете ги покриени да одморат 10-15 минути.

Со оклагија секое топче развлечете го во тенка овална кора. На едниот крај ставете фил и свиткајте до половина. Другата половина од кората исечете ја на ленти.

Секоја лента накрсно преклопете ја со соседната лента и потоа свиткајте ја преку кифлата (погледни видео). Кифлите наредете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкјате ги со жолчка.

Оставете ги 15-тина минути додека се загрева рерната на 200 степени и печете ги 25-30 минути или додека да заруменат. Додека се топли прекријте ги со крпа и оставете ги да подизладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.