Природно лекување – лекува бројни тегоби како од шала!

Копривата, како и чајот од коприва, веќе со години е дел од традиционалната медицина. Младите листови од копривата може да се јадат, а целата билка е лековита. Во овој период најдобро е да се приготвува чај и да се пие еднаш дневно.

сува коприва

Копривата изобилува со витамините А, Ц, К и дела од витамините Б комплекс, а од минерали во составот на копривата влегуваат: калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и натриум.

Покрај тоа, ги содржи сите есенцијални аминокиселини, корисни масни киселини, полифеноли, пигменти (бета-каротен, лутеин и други).

Благодети за телото има многу, а ова се само некои од нив:

Традиционално копривата се употребува кај болести на уринарните патишта, за чистење на крвта, кај анемија, дигестивни пречки, потешкотии со дишењето и астма, кај ревматски заболувања, за намалување на високиот крвен притисок, кај камен во бубрег, против несоница, за гинеколошки проблеми и за здравје на црниот дроб.

Постојат докази дека копривата успешно го намалува шеќерот во крвта, бидејќи содржи состојки кои го имитираат ефектот на инсулинот, а некои истражувања сугерираат дека може да помогне кај проблеми со зголемена простата.

Го заштитува црниот дроб од токсини, тешки метали и воспаленија. Претставува природен диуретик, па му помага на телото да ја исфрли непотребната вода и сол кои се задржале во ткивата и меѓуткивните простори, а со тоа привремено го намалува и крвниот притисок.

Облоги од коприва се ставаат на зглобови и болни места со што особено се намалуваат болките кај артритис, така што го спречуваат производството на хормоните кои го поттикнуваат воспалението.

Напомена: На трудниците не им се препорачува чај од коприва.