За овој метод на фарбање ќе ви бидат потребни бои во кесички, ладна вода и оцет, неколку салфетки, стапчиња за уши и онолку ластичиња колку што имате испланирано јајца за фарбање. Ви го претставуваме најубавиот и наједноставниот начин за добивање на совршени шарени јајца за Велигден.

Идејата е „позајмена“ од Русинките чиј што метод на фарбање потполно нè воодушеви. За овој метод на боење ќе ви бидат потребни бои во кесички, ладна претходно преварена вода (или дестилирана) и ладен оцет, неколку салфетки, стапчиња за уши и онолку ластичиња колку што имате испланирано јајца за фарбање.

Постапка: Јајцата сварете ги на вообичаен начин и оставете ги целосно да се оладат. Потоа во секоја чаша ставете по една кесичка боја за јајца. Прелијте со лажица ладна вода и додајте лажица ладен оцет. Промешајте добро додека бојата да се раствори и да се соединат состојките.

Секое јајце посебно завиткајте го во лист салфетка (ако се повеќеслојни, раздвојте ги слоевите и користете само едно тенко парче). На врвот подврзете го со ластиче (гумено ластиче со кое се прицврстуваат теглите за зимница).

Држете го за врвот на салфетката со едната рака, а со другата рака земете беби-стапче за уши, натопете го во соодветната боја и нанесувајте по желба врз јајцето. Постапката повтпрете ја со сите јајца и со сите бои, така што јајцето треба да биде покриено целото со шарени бои.

Потоа оставете го 15 минути да се исуши. По изминатото време одвиткајте ја салфетката и вашите феноменални велигденски јајца се готови! Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Правила за купување и приготвување на јајцата за Велигден: Колку време се варат и колкав им е рокот

Купувајте чисти и неоштетени јајца, задолжително пред варењето измијте ги со млака вода, ставете сода бикарбона… Наскоро ни доаѓа најголемиот христијански празник Велигден, а два дена претходно ќе уживаме во омилениот обичај – фарбање на јајцата.

Покрај естетиката, важно е и да водиме сметка и за здравјето.

Бидејќи велигденските јајца главно, долго време стојат, прво чекајќи од петокот до неделата, а потоа стојат на трпезните маси додека не се изедат (барем уште 2-3 дена), ви пренесуваме неколку важни совети околу купувањето:

Купувајте чисти и неоштетени јајца; при варењето, најдобро е да ги варите 12 минути од моментот на варење, а во водата ставете една лажичка сода бикарбона;

Ако не ги фарбате јајцата природно, односно користите помош од купечки бои, кога купувате кесички во боја одбирајте ги оние на кои имаат ознака дека се прехрамбени бои;

Сировите јајца се потенцијален извор на салмонела, па се советува пред варењето и украсувањето да ги измиете со млака вода; офарбајте онолку јајца колку што сте сигурни дека ќе изедете. Во спротивно, ако направите повеќе јајца од потребното, ќе бидете принудени да ги фрлите;

Јајцата кои се офарбани, неизлупени и без оштетена лушпа, а стоеле на собна температура (или неколку пати сте ги ваделе од фрижидер), би требало да ги изедете за ден-два после Велигден.