Нејзината објава ја лајкуваа повеќе од 600 000 луѓе.

Алесија Бонари (23), медицинска сестра од Милано која работи во болницата Гросето, на Инстаграм објави селфи на кое се гледаат повредите на нејзиното лице предизвикани од долготрајното носење на заштитните маски.

“Јас сум медицинска сестра и моментно се соочувам со оваа итна медицинска состојба. И јас се плашам, но не се плашам да одам на пазарење, туку се плашам да одам на работа.

Се плашам дека можеби маската не дихтува добро на лицето, се плашам случајно да не сум се допрела со контаминирани ракавици или дека можеби заштитните очила не ми ги покриваат целосно очите и дека нешто успало да се протне.

Физички сум исцрпена бидејќи апаратите за заштита се лоши, под лабораториското одело се препотувам и еднаш кога ќе го облечам, не можам шест часа до одам во тоалет или да пијам течности.

Психички сум исцрпена, како и сите мои колеги кои веќе со седмици се во истата состојба како и јас, ама тоа нема да не спречи да си ја работиме својата работа, како и секогаш”, напишала таа.

“И натаму ќе се грижам за своите пациенти, бидејќи си ја сакам својата работа. Она што го молам секој од вас што ќе го прочита ова, е да не го понижува нашиот труд, да биде несебичен, да остане дома во својата куќа и на тој начин да ги заштити оние кои припаѓаат во најранливата група.

Ние младите не сме имуни на коронавирус, и ние исто така можеме да се разболеме или нешто полошо од тоа. Јас не можам да си го дозволам луксузот да одам дома во карантин, за разлика од другите, јас морам да одам на работа и да си ја одработам мојата обврска. Вие испочитувајте ја вашата обврска, ве молам”, им порачува таа на сите.

Цела Италија поради коронавирусот стана црвена зона. Забранети се јавни собирања, а движењето на луѓето е ограничено. Станува збор за околу 60 милиони луѓе.