Вака ги вапцам јајцата за Велигден: органски, природно и здраво!

Потребни состојки:

-јајца

-лушпи од кромид

-сол

-оцет

-вода

-ластичиња за тегли

-масло

Постапка:

Јајцата измијте ги убаво и сварете ги во вода со неколку лажички сол, 10-12 минути од почетокот на вриењето.

Полуизладените јајца се обвиткуваат украсно со ластичиња, обични, оние за тегли.

Во врелата вода во која се варе јајцата, додадете лушпи од кромид и неколку лажици оцет, а потоа внимателно распоредете ги јајцата.

Обратете внимание лушпите да бидат рамномерно распоредени и сите јајца да бидат под вода. Вратете ги на топлата рингла уште 10-15 минути, но не треба врие.

Вака се оставаат додека да ја добијат саканата нијанса, па се вадат ластичињата и се оставаат на кујнска крпа, па се премачкуваат со масло за да добијат сјај.

Претходна статијаКумановска ТАТЛИЈА, поразлична од Ресенската: посна, сочна, вкусна, се топи во уста
Следна статијаНаједноставните, највкусните и најстаринските ванилици со ореви, мирисаат на ванила и орев и се топат во уста