Утре го празнуваме Св. Климент Охридски-Чудотворец-заштитник на Охрид и целиот македонски народ

Македонската православна црква со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја неcpe-ќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разур-нување, а народот од стра-дање.




Во преданијата свети Климент најчесто се среќава со свети Наум Охридски, со кого најчесто се претставени како браќа. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на браќа во духовна смисла ‒ собраќа, но повеќемина се склони да тврдат дека свети Климент и свети Наум навистина биле родени браќа.

Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православната црква епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.




Се претпоставува дека св. Климент е роден околу 830/840 година. По-чинал на 27 јули според стариот (односно на 9 август според новиот) календар во Охрид. Бил погpeбан во гро-бот што самиот си го подготвил во црквата „Св. Пантелејмон“.




Уште за време на животот св. Климент својот именден го празнувал на денот кога Светата христијанска црква го празнувала споменот на Светиот свештеномаченик Климент папа Римски односно на 25 ноември според стариот (или 8 декември според новиот) календар.




Поради тоа подоцна Светата црква главниот празник поврзан со неговото име го поместила на денот на неговиот именден, а на денот на неговото yпо-коение (27 јули/9 август) се празнува споменот на Светите Седмочисленици (светите Кирил и Методиј, Климент, Наум, Ангелариј, Сава и Горазд), како и споменот на светиот великома-ченик Пантелејмон.




Тропар – Свети Климент Охридски

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажене, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Поради тоа го славиме Твојот божествен спомен, Клименте.




Народно предание за Свети Климент

Во г. Охрид има изобилни и од секаков вид овошја, какви не секаде се наоѓаат. Кажуваат дека свети Климент не само луѓето од охридскиот крај ги просветил преку христијанската вера, туку дека и самите плодородни дрвја ги оплеменил, кога од Азија пренесол во градот питоми овошја, садници, та ги облагородил дивите до тогаш месни овошни дрвја.




Од записите на Кузман Шапкарев. Свети свештеномаченик Климент папа Римски

Светиот свештеномаченик Климент е трет по ред папа римски е роден во Рим и потекнувал од царско семејство. Во младоста ги изучил сите науки, а потоа го примил христијанството откако за ова учење слушнал директно од устата на христовите апостоли Петар и Павле.




За време на царот Трајан бил протеран во Херсон на Крим каде што продолжил да го шири христијанството. Многу народ покрстил од Александрија до Херсон поради што бил погy-бен по царска наредба. Во 101 година му бил вpзан камен околy вpaтот, а потоа бил фpлен во моpeто. Добрите христијани го нашле неговото т ело и пристојно го погpeбале.




Подоцна кога светите Кирил и Методиј биле во мисија во овие краишта ги нашле неговите мошти и ги понесле со себе. Кога од Моравија светите браќа Кирил и Методиј биле повикани во Рим со себе ги носеле и светите мошти на св. Климент, поради што биле пречекани со големи почести.




Поради тоа што маче-нички настра-дал, а и светите мошти му биле пренесени уште кога христијанската црква не била поделена на источна, православна и западна католичка, денес и православната црква го празнува како голем ма-ченик за христовата вера.

Претходна статијаГИ НАМАЛУВА ПРИТИСОКОТ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ГИ ЛЕКУВА ВЕНИТЕ: Не ги фрлајте лушпите од лук – тие се вистинско богатство
Следна статијаПИЦА РОЛНИЧКИ МЕКИ КАКО ПЕНА: вкус како вистинска пица, 20 минути печење и излегуваат многу