Македонската Православна Црква и нејзините верници утре го прославуваат празникот Успение на Мајката на Пресвета Богородица. Nејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието.




Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. Утре Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.




Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.




Утрешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак женитек ои имаат проблем со зачнување треба да одат во манастир да се молат.




Nекои таму остануваат и по три дена. Постои обичај, мајките со женските деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел и просо за да ја зачуваат куќата од несакани дејствија и зли духови.




Сопрузите, Јоаким и Ана, живееле во Назарет Галилејски. Тие немале деца до длабока старост и сиот свој живот жалеле за тоа. Тие морале да поднесуваат пpезиp и потсмевања, затоа што во тоа време бездетноста се сметала за cpам.




Но, тие никогаш не роптале и само топло Му се молеле на Бога, смирено надевајќи се на Неговата волја. Еднаш, за време на еден голем празник, даровите кои праведниот Јоаким ги донел во Ерусалим за да Му се принесат на Бога, не биле примени од свештеникот Рувим, кој сметал, дека бездетниот маж не е достоен да Му принесува жpтва на Бога.




Тоа го растажило старецот, и тој, сметајќи се за најгрешен од луѓето, решил да не се враќа повеќе дома кај жена си, туку да се всели на пусто место и да живее во осамеништво.




Неговата праведна сопруга Ана, дознавајќи на какво понижување бил изложен нејзиниот маж, почнала во пост и молитва, со солзи да Го моли Бога за да ѝ подари дете.




Во пустинското осамеништво и испосништво, за истото Го молел Бога и праведниот Јоаким. И молитвата на светите сопрузи била услишана: на обајцата, Архангел Гаврил им соопштил, дека ќе им се роди Ќерка, Која ќе ја благословува сиот род човечки.




По наредба на Небесниот Гласник, праведните Јоаким и Ана се сретнале во Ерусалим, каде по ветувањето Божјо, им се родила Ќерка, наречена Марија. Света Ана п очинала на 70 години, две години после воведувањето во храмот на Пресвета Богородица.