УТРЕ Е ПРАЗНИК НА ГОЛЕМАТА ЗАШТИТНИЧКА НА ЖЕНИТЕ…Сварете жито и верувајте…За здравје, мир, среќа и бериќет во вашиот дом…
Утре православните христијани ја празнуваат света Варвара, погyбeна од својот татко затоа што била христијанка. Кај нас е сочуван обичај, иако со непознато потекло, на овој ден да се вари жито (разни житарици) кое ќе се јаде следните неколку денови.
Исто така денес се сее и божиќната пченица… Старите велат дека од овој празник денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки.
Потребни состојки: пченица, пченка, вода, ореви, мед (количините се по сопствена желба, па така можете да ставите 500 г пченица, 250 г пченка, 250 г ореви и 6 лажици мед).
Постапка: Пченицата и пченката се полеваат со вода, 2 см над нив и оставете да преноќат.
Следниот ден додадете повторно вода и варете го житото на умерен оган додека течноста да испари а зрната да омекнат. Потоа се додаваат сечкани ореви и мед, се промешува и послужува.
Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на Светата Варвара. Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.
Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот кyлт кај нас.
Житието сведочи дека Света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко и беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во ocама, во богатите дворови на татко и. Текстот продолжува ТУКА: