Уште двајца пациенти заминуваат дома по успешниот третман во ковид центарот на нашата клиника

– Татко ми има 65 години и пред две недели многу му се влоши здравјето. Го однесовме во една од државните болници каде веднаш го хоспитализираа и рекоа река има корона вирус. Татко ми тешко дишеше, имаше температура, едвај се движеше.

Откако го однесувме во болницата веќе не го видовме. Неколку пати преку врски добивме информација дека е се полошо и полошо и дека наскоро ќе заврши на респиратор.

Loading...

Тоа беше знак за нас дека мора да преземеме нешто за да не го изгубиме човекот – ни раскажува ќерката на нашиот пациент додека го чека својот татко да го преземе од нашата медицинска екипа и да го однесе во својот дом.

Пациентот беше примен во нашата клиника во бесознание во крајно критична состојба. Нашиот медицински тим веднаш ги презедоа сите мерки кои значат третирање на пациент позитивен на Ковид 19.

Беше сместен во ковид центарот и веднаш беше започнат третман на хемофилтрација. Цело време во текот на 12 –дневното лечење семејството беше континуирано редовно информирање за сите фази и методи со кои беше третиран пациентот.

– Откако го донесовме татко ми во Жан Митрев Клиник веднаш бевме детално информирани што и кога ќе се преземе. Уште по третата хемофилтрација татко ми сакал да си оди дома, сосема свесен во добра состојба. Навистина изненадувачки и за нас но овој третман му го спаси животот на мојот татко.

Еве после не цели две недели здрав со негативен тест на корона вирус, свеж и расположен си го носиме дома. Благодаримена целиот тим од клиниката а посебно на доктор Жан Митрев кој во ова хаотично тмурно време дава надеж за сите тешко болни, и тоа не само надеж туку и спас кој значи живот – додава неговата ќерка прегрнувајќи го својот татко.

Еден ден претходно си замина исто така пациент кој беше хоспитализиран во нашиот ковид центар и после успешно лечење замина дома во соседно Косово. За искуството сведочи самиот тој…

Истото го потврдува и неговиот син кој што е благодарен што неговиот татко змаинува дома во солидна здравствена состојба и видно позитивно расположение.

Loading...