Урнебес салата: вкусен намаз кој можете буквално со сè да го јадете

Имате два понудени рецепти, еден класичен и еден со ајвар.

Потребни состојки за класична урнебес:

250 г полномасно тврдо сирење

250 г урда

Loading...

20 мл масло

2 лажички црвен пипер

1 лажичка буковец

1 чешне лук

Постапка:

Сирењето се ситни и се меша со урдата. Останатите состојки се мешаат убаво и потоа од нив се формираат мали топчиња. Во смесата можете да ставите и сечкани ореви.

Потребни состојки за Урнебес со ајвар:

500 г бело полномасно сирење

3-4 полни лажици ајвар

3-4 ситно сечкани чешниња лук

2-3 лажици масло

2-3 лажички лута толчена или мелена пиперка

2-3 лажички слатка пиперка во прав

Сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Изгмечете го сирењето добро со виљушка, па постепено додавајте ги останатите состојки: прво ајвар, добро измешајте, па останатите состојки.

Лут пипер додавајте по вкус, но имајте во предвид дека колку подолго стои салатата, толку полута станува.

Исто така, сите состојки можете да ги изматите со миксер, па тогаш ќе добиете пенаста, кремаста салата која можете да ја мачкате како паштета.

Loading...