Станува збор за извонреден универзален лек кој може да се употреби кај различни здравствени проблеми и потешкотии, особено кај потешките болести.

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името “чувар куќа”.

Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите и околу нив.

Чувар куќата и медот:

-ги отстрануваат цистите и миомите,
-ги лечат желудечните тегоби предизвикани од хеликобактер пилори,
-го зајакнуваат имунитетот,
-ги ублажуваат проблемите со штитната жлезда,
-го олеснуваат варењето,
-го подобруваат системот за дигестија,
-го елиминираат затворот и го регулираат проблемот со тврдата столица,
-ги лечат воспаленијата на слузокожата и
-помагаат кај многу други болести и тегоби.

Универзален лек од чувар куќа

Младите зелени оревчиња (Juglandis immaturi fructus) содржат големо количество на витамин Ц и други витамини и фенолни соединенија, а добиениот мед им се дава на хронично болни луѓе, на слабички деца и слабокрвни.

Од овој зелени оревчиња се прави и прочуениот мед од кој пак се приготвува многу лековитата ракија за прочистување на црниот дроб, желудникот и крвта.

Се применува за подобра работа на штитната жлезда, за болести на грлото и респитарониот тракт, особено бронхитис, за зголемување на имунитетот…

Многу луѓе овој народен лек го пробаа и буквално се заколнаа во неговата делотворност, а еве и како се прави:

Потребни состојки:

200 г зелени оревчиња
200 г мед
200 г мелени листови чувар куќа

ПОСТАПКА:

Оревчињата треба да бидат набрани додека се уште зелени. Сите состојки се ставаат во тегла и се остава да отстои 40 дена со повремено мешање.

После 40 дена смесата се процедува и спремна е за употреба.

Употреба: трипати дневно по една чајна лажичка, пред јадење, на гладно. После тоа да не се јаде и да не се пие ништо половина час. Да не се претерува со консумација поради јодот и да се запазува препорачаната дневна доза.

Ако се користи една година може да се отстранат сите кожни заболувања, се подобрува работата на штитната жлезда, крвта се прочистува од токсини а организмот од паразити.

Чувар куќа