Уникатен рецепт за лекување на најтешки болести од 400 г мед, 20 листови слаткарче и 20 бадеми

Ова е уникатниот рецепт на народниот лекар Петар Димков за лекување на тумори, прочистување на крвта и други тешки болести.

Според докторот, слаткарчето е потценета билка и малку заборавена во налетот на многу нови модерни лекови. Повозрасните луѓе се сеќаваат на оваа мирисна сардела како одличен додаток на слатката и мармаладите.

фото: Илустрација

Билката помага за многу различни здравствени состојби: за висок шеќер и холестерол во крвта, за висок притисок, за исфрлање на вишокот слуз од белите дробови, тумор, смирување на различни воспаленија во телото..

Потребни состојки:

Loading...

400 г мед
20 листови слаткарче – мелени
20-30 бадеми – мелени
1 лажица цимет
4 лимони (2 лимони мелени со кора, без семки, 2 само сок) – опционо, може смесата да се приготви и бел лимон

Постапка:

Се мешаат сите состојки и смесата се чува во стаклен сад во фрижидер. Се консумира по една лажица наутро и навечер во период од три месеци. Потоа се прави пауза од еден месец и се повторува постапката. Оваа смеса помага и за срцеви болни и слаби нерви.

Совет: Бадемите е најдобро да бидат сирови и преку ноќ потопени во вода. Следниот ден излупете ги, па тогаш сомелете ги заедно со листовите од слаткарчето.

ЗА СУВА КАШЛИЦА

Потребни состојки:

2-3 листови слаткарче
2-3 супени лажици босилек
2-3 ореви кршени со лушпа
500 мл вода

Постапка:

Сите состојки се варат околу 5 минути. Се поклопува и по 10-тина минути се процедува. Се распоредува на 3-4 еднакви дози и се пие во текот на денот пред јадење. По желба се засладува со мед.

СЛАТКАРЧЕ – Pelargonium odoratissimum, мискимбре, итер, барбароза, пеларгониум, миск, сардела, атрче

Тоа е многу убаво, исклучително ароматично и многу полезно. Кога приготвувате компот од модри сливи или вишни, ставете по едно ливче за да добиете одлична арома. Исто така, се додава во мармалади и слатка.

Меѓутоа, оваа билка, освен што е ароматична, таа е и многу полезна и лековита. Со самото вдишување на аромата доаѓа до заздравување на имуниот систем. Скинете еден лист и протријте го низ раката за да се ослободи неговото етерично масло. Вдишувајте го овој мирис кога не се чувствувате добро и кога сте болни.

Лек за исфрлање на секретот од белите дробови и синусите:

10 негро бонбони
10 ливчиња слаткарче
10 локумчиња
500 мл вода

Се загрева водата па се додаваат бонбоните и листовите од слаткарчето.
Штом започне да врие се додаваат и локумчињата и се меша полека додека да се растопи смесата.
Се вари сè додека да се преполови и да згусне.
Се складира во сув и чист сад и се остава така да излади. Се добива смеса слична на мармалад.
Се конзумира по едно лажиче наутро. Се чува во фрижидер.

Коментар на Валентина Ласкова:

“Чај од 3 листови слаткарче и 200 мл вода да проврие 7-8 минути, да се олади и се пие. Смирува кашлица. Испробано”.

Loading...