Потребни состојки:

1 кг брашно

400 г шеќер

4 јајца

2 прашок за печиво

500 г путер/маргарин

1/2 лимон – сок

малку рендана кора од лимон

Постапка:

Сите состојки замесете ги, ставете ги во фрижидер да отстојат барем половина час.

На набрашнета подлога развлечете што потенка кора (внимавајте да биде насекаде еднаква дебелината), па со калапчиња вадете разни облици.

Печете на 200 степени околу 10 минути.

Колачите нека изладат на рамна подлога за да не се искриват.

Мачкајте ги по желба, со џем од шумско овошје, крем, или друго по ваш вкус.

Од оваа количина излегуваат 100 парчиња, па ако ви е многу, преполовете ги состојките за тесто.