Ублажете го чешањето од комарец на брз и едноставен начин со природни состојки кои ги имате в кујна

Се чини како година од година да има сè повеќе комарци, а тоа се должи пред сè на благите зими, топлите и врнежливи пролети, како и уште потоплите лета. Порано нашите предци користеле природни репеленти, а особено ароматични билки за да ги одбијат нивните напади.

Сепак, доколку ве укаса комарец и почне неподносливо да ве чеша, најбрзо ќе го решите проблемот со билката „Вампиров лист“ (позната уште под имињата: „дебела кока“, „париче“ и др.).

Едноставно скинете еден зелен лист, од едната страна излупете ја тенката опна и веднаш залепете го листот на укасаното место. Чешањето поминува во истиот момент. Истото можете да го направите и со лист од чувар куќа.

Ако ги немате овие две лековити билки при рака, а дома имате медицински алкохол, тогаш измачкајте го местото и почекајте да испари, а потоа повторете уште неколку пати додека чешањето да се смири.

На истиот начин можете да употребите и дезинфекционо средство за раце кое во себе содржи алкохол. Ќе делува антисептично и нема да го почувствувате како вообичаено. Освен алкохол, за мачкање можете да користите и бел оцет.

Едноставно, натопете парче памук во оцетот и поставете го како облога. За кратко време ќе се смири чешањето. Ако имате многу убоди од комарци, тогаш наполнете ја кадата со топла вода и во неа истурете 1-2 чаши бел оцет, па спуштете се во бањата и оставете да делува 15-тина минути.

Исто така, на местото на убодот од комарец можете да ставите и ментол паста за заби. Ментолот ќе предизвика чувство на ладење кое мозокот многу побрзо го регистрира од чувството за чешање. Со истата цел можете да ставите и коцка мраз.

Можеби не сте знаеле, но можете да употребите и кора од банани. Кората содржи шеќери, па потребно е да се протрие кожата после убодот, а шеќерите ќе го смират чешањето и ќе ја извлечат течноста од местото. На ист начин можете да искористите и кора од лимон.

Се чини дека сепак сода бикарбоната најдобро делува кога станува збор за убоди од комарци. Алкалните својства ја неутрализираат рН вредноста на кожата и на тој начин го смируваат чешањето. Едноставно со сода и вода направете паста и нанесете на местото. За лековитите својства на „вампировиот лист“ прочитајте ОВДЕ.

Оваа билка е помоќна и од чувар куќа: Лекува чир во желудник, хемороиди и секакви други рани

Претходна статијаОДГЛЕДУВАЧ НА ОРХИДЕИ: Како да ги натерате да цветаат со по 100 цветови наеднаш
Следна статијаНикако не правете им го ова на децата после пливање, правите грешка која може да биде кобна! Родители, обратете внимание