Турски погачици што секој сака да ги проба…Најпопуларните стамболски печива се прават многу лесно и едноставно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 100 мл):

250 г путер или маргарин
2 јајца (без 1 жолчка)
1 мала чајна чаша топла вода (100 мл)
2 лажици шеќер
1 лажица инстант квасец
1 лажичка сол
4,5 чаши брашно +-
За премачкување:
1 жолчка од јајце

ПОСТАПКА:

1. Во подлабок сад со шпатула соединете ги омекнатиот путер, јајцата (една жолчка тргнете настрана), топлата вода, шеќерот и квасецот.

2.Постепено додавајте брашно и посолете за да замесите тесто кое не е премногу тврдо и не е многу меко. Добро измесете го нарботна површина 2-3 минути.

3.Покријте го тестото и оставете го да ферментира околу 1 час. Со оглед на тоа што е мрсно тесто, не нараснува како другите теста.

4.По изминатото време нежно премесете го и поделете го на 12 топчиња.

5.Топчињата наредете ги на плех обложен со хартија за печење, на соодветно растојание. Малку сплеснете ги со рака.

6.Нанесете жолчка со четка и направете гребнатини со вилушка.

7.Оставете ги да ферментираат во загреана рерна на 50 степени 15 минути и потоа извадете ја од рерната. Потоа вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени со вентилатор.

8.Печете ги печивата додека да заруменат како калинка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.