Турска лепиња-пита кој секој треба да ја проба…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
1 чаша млака вода
1 чаша јогурт или млеко
1/2 свеж квасец 20 г
5 чаши брашно Т 400
2 лажици шеќер
1 лажица сол
сусам и ким
малку масло и жолчка
ПОСТАПКА:
Во млако млеко помешано со вода растворете го квасецот и шеќерот. После 10-тина минути откако ќе се активира додајте половина од брашното и измешајте за да добиете еднолична смеса.
Постепено додајте и втората половина од брашното помешано со солта. Користете миксер со продолжетоци за месење тесто. После 5-6 минути месење со миксерот треба да се формира компактно меко тесто.
Истресете го на набрашнета работна површина и домесете го со рака. Обликувајте топка, ставете го во сад, покријте го и оставете го на топло да ферментира 20-тина минути.
Истресете го на набрашнета површина, посипете го со брашно и со оклагија развлечете го како погача со дебелина од 1 см. Префлете ја кората во тепсија посипана со малку брашно.
Покријте со кеса 15-тина минути додека се загрева рерната на 200 степени. Потоа со прсти направете шари хоризонтално и вертикално па премачкјате го со жолчка, млеко и масло 1:1:1.
Поспете сусам и ким и печете 20-тина минути на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: