ТУРШИЈА ВО ТЕГЛА: Покрај оваа, не ви треба ниедна друга салата за во зима – рецепт за количина што вам ви одговара

Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и на Блискиот Исток, на сончевите простори кои располагаат со доста овошје и зеленчук. Се спрема во есен за да го пополни недостатокот на свеж зеленчук во текот на зимските месеци.




Туршијата се прави со разни зеленчуци, најчесто: зелени пиперки, зелени домати, краставици, карфиол, моркови. Според наведениот рецепт не ви треба буре и голема количина на зеленчук, бидејќи се приготвува во тегли, според личните потреби. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг пиперки, 1 главица карфиол, 1 кг краставички, 1-2 моркови, 1 кисело јаболко, 200 г лути пиперчиња, 150 г сол, 120 г есенција, 5 г конзерванс, 10 г винобран, ловоров лист, црн пипер во зрно, 4 литри вода




Доколку приготвувате поголема количина соодветно зголемете ги состојките, а во туршијата можете да додавате зеленчук и овошје по сопствен вкус и избор. Може да се приготви во големо пластично буре, но праксата покажала дека во стаклени тегли помалку се расипува и многу е попрактично за користење.




ПОСТАПКА: Сиот зеленчук добро исперете го под млаз ладна вода. Карфиолот поделете го на по али цветчиња, морковите излупете ги и пресечете ги на половина или четвртинки ако се големи, а јаболкото исечете го на парчиња и отстранете ги семките.




За да не се расипе туршијата многу е важно секој плод што ќе го ставите да е здрав и цврст, а ова особено важи за пиперките. Затоа, отстранете ја секоја дамка за која се сомневате дека би можела да биде проблем за зимницата.




Во големи стаклени тегли, претходно стерилизирани, наизменично наредете го зеленчукот и добро распоредете го, па на крај притиснете го со пластична мрежичка или некој друг потиснувач кој ќе го држи зеленчукот под солилото.




Во секоја тегла додајте по неколку зрна црн пипер и мало ливче ловор по желба. Во тенџерето со вода додајте ја солта (150 г), есенцијата (120 мл), конзервансот (5 г) и винобранот (10 г), па мешајте додека сето убаво да се раствори во водата.




Со течноста секоја тегла наполнете ја до врв и затворете ја со чист капак. Вака приготвените тегли оставете ги ден или два, па проверете ги дали се спуштило нивото на водата, па потреба дополнете ги со претходно превриена и изладена вода. После приближно 1 месец може да се јаде. Деталите погчеднете ги ОВДЕ.

Претходна статијаЗДРАВИ ЌОФТИЊА: Ги јадам за вечера и секоја недела сум минус 3 килограми
Следна статијаПОГАЧА ОЦЕНЕТА СО НАЈВИСОКА ОЦЕНА: Не само што е многу вкусна и декоративна, туку и прелесно се приготвува