ПОГАЧА ОЦЕНЕТА СО НАЈВИСОКА ОЦЕНА: Не само што е многу вкусна и декоративна, туку и прелесно се приготвува

Погача е вид на леб кој се прави со кружен облик и порано речиси секој ден се правела. Во зависност од пригодата погачата може да биде посна или мрсна, наросена само со сусам и потпечена, од обично пченично или пченкарно брашно, обична и едноставна, но може да биде и многу декоративна, особено доколку се приготвува за некој празник.




Свечените погачи се приготвуваат со раскошен облик во вид на цветови и круни, па барааш особена вештина за изработка на тесто или пак употреба на различни украсни калапи. Но, рецептот на Зденка за празнична погача, не само што е многу вкусна и мекичка, туку и декоративна, а не бара посебни вештини. Постапката е доста едноставна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 550 г меко брашно, 100 г маст/путер/маргарин + уште малку растопен путер, 250 мл топло млеко и 1 лажичка сол или по вкус. За активација на квасец: 1 коцка свеж квасец + 1 лажица шеќер + 1 лажица брашно + 100 мл топло млеко. И уште: малку путер/маргарин за премачкување на корите и 1 јајце со малку сол за премачкување на целата погача.




ПОСТАПКА: Најпрво се активира квасецот. Изронете го во некој подлабок сад, па додајте една лажица шеќер и една лажица брашно, и постепено додавајте млако млеко (приближно 100 мл). Промешајте за да се растворат состојките и да нема грутчиња, па оставете на топло место 10-тина минути додека да запени.




Брашното ставете го во некој подлабок сад за месење, направете вдлабнатина во средината, па додајте го активираниот квасец и растопениот путер (може да се користи маст или маргарин, по вкус). Солта наросете ја околу, па со постепено додавање на млако млеко замесете го тестото.




Нема потреба многу долго да се меси, туку само колку да се соединат сите состојки и тестото да се соедини и да стане компактно. По густина треба да е меко, но да не се лепи. Оставете го во садот и покријте го со кеса или проѕирна-стреч фолија, па оставете го во топла просторија без провев.




Тестото е потребно да ферментира најмалку 40 минути до еден час, во зависност о температурата на просторијата, односно сè додека да го удвои двојно волуменот. Потоа истресете го на малку набрашнета работна површина и нежно премесете го колку да формирате валјак.




Поделете го на два дела од кои едниот малку поголем од другиот. Помалиот дел развлечете го во тенка правоаголна кора со дебелина од речиси на еден прст. Преку цела површина кората премачкајте ја со маст или растопен путер/маргарин.

Потоа исечете ја кората на ленти со широчина од 1-1.5 см широчина, но не до кра. Ивиците на кората мора да бидат споени (види фото), односно кората да биде компактна. Ако имате специјален секач за пици, сечењето ќе ви оди побрзо.




Започнете да ја виткате кората во вид на ролна, отпочнувајќи од едниот агол, одејќи кон спротивниот. Вака добиениот „ролат’ потоа свиткајте го во вид на полжав и ставете го во средината на тркалезна тепсија обложена со хартија и намастена со путер.

Постапката повторете ја и со поголемата кора, а овој, поголемиот ролат надоврзете го, односно обвиткајте го помалиот полжав. На тој начин ќе добиете една голема декоративна погача. Покријте ја со кеса и оставете ја на топло уште малку да порасне, околу 20-30 минути.




Во јајцето додајте малку сол и изматете, па премачкајте ја целата погача и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече на 180 степени околу 35 минути (или во зависност од рерната). Печената погача покријте ја со кујнска крпа и оставете малку да се подизлади. По желба, додека сè уште е топла премачкјате ја со малку растопен путер. Рецепт на Зденка / Сооlinarika.сom

Претходна статијаТУРШИЈА ВО ТЕГЛА: Покрај оваа, не ви треба ниедна друга салата за во зима – рецепт за количина што вам ви одговара
Следна статијаСЛАТКО ОД РЕНДАНИ ДУЊИ СО ОРЕВИ: Најбрза подготовка, еден од најубавите старински рецепти