ТУРБАН ПИТА КАКВА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ДОСЕГА…Многу вкусен рецепт кој сите го бараат…Ова е од оние кои со првиот залак ве освојува…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
800 г сенаменско брашно
1 лажичка сув квасец (5 г)
1 лажичка сол (6 г)
500 мл млеко

за фил:
500 г мелено месо
100 г кромид
сол, црн пипер
за премачкување:
малку путер, млеко, 1 жолчка

ПОСТАПКА:

1.Од наведените состојки замесете средно меко тесто. Покријте го и оставете го да одмори 10 минути.

2.Меленото месо помешајте го со ситно сечкан кромид и зачинете по вкус.

3.Тестото поделете го на 4 дела. обликувајте топки, покријте ги и оставете да одморат 10 минути.

4.На набрашнета површина отворете едно тестата во тенка кора.

5.Преку цела површина премачкјате ја површината со растопен путер и распоредете четвртина од филот.

6.Свиткајте ја кората во ролат. А потоа во полжав. Покријте ги и оставете да одморат 20 минути.

7.По изминатото време нежно сплескајте ги со дланката, а потоа и со оклагија.

8.Наредете ги во плех обложен со хартија и одозгора премаќкјате ги со жолчка во која сте додале малку млеко.

9.Печете ги во претходно загреана рерна на 185 степени, 35-40 минути или додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=e0DBcrfELfQ