Луѓето имаат поделени ставови кога станува збор за хризантемата, но она што е заедничко за сите, е дека е омилено есенско цвеќе, па затоа се нарекува и „Есенска роза”. Букет хризантеми за едни е симбол на среќа, а за други пак, е потсетник на цвеќе кое се носи на гpoбишта.

NMD.mk

Хризантемата која ни доаѓа од К ина и е најраспространета во Азија, се смета за цвеќе кое привлекува среќа, а ова верување кое потекнува уште од древно време се задржало до ден денешен. Во Јапонија на пример, секој што ќе го прашете ќе ви каже дека хризантемата е носител на среќа и во нејзина чест, секоја есен се одржува Фестивал на среќата.

NMD.mk

За разлика од азијатските земји, во европскиот свет можеби повеќе преовладува мислењето дека ова цвеќе е резервирано за погpеби, и оттаму неговата мистична симболика која се поврзува со задгpобниот живот, бидејќи се верува дека им носи миp и cпокoj на у мрените.

NMD.mk

Австралијанците подаруваат хризантема на своите најблиски во знак на почит и љубов, додека во Америка овој цвет е симбол на радост. Се смета за лековита билка, па се користи за лекување и ублажување на различни здравствени тегоби, бидејќи е извор на витамини и минерали.

NMD.mk

Во Јужна Кореја се произведува оризово вино ароматизирано со цвет од хризантема. Кинезите ја користат како зачин и ја додаваат пред крајот од готвењето, поради посебниот, луткаст вкус кој им го дава на јадењата. Исто така, се пие и чај од хризантеми.

NMD.mk

Хризантемата, и во нашата земја и во странство, се смета за едно од најубавите есенски цвеќиња, па затоа многумина тврдат дека е најдобро да се засадат во мај, за да имаат доволно време да пораснат и да се подготват за есенското цветање.

NMD.mk

Поради својата колоритна разновидност, дизајнерите на ентериер препорачуваат мешање на различни бои на хризантеми во една голема саксија за постигнување на поголем ефект.

Познато е дека единствениот поопаcен непpијател на хризантемите е ветерот, па затоа се препорачува цвеќето да се чува на топло и оградено место и да се полева редовно.

Хризантемите презимуваат и доколку коренот е здрав и длабоко засаден, следната година повторно ќе забујат. Цветот добро напредува во октомври и ноември, бидејќи хризантемата е првенствено есенско растение. Напролет потребно е да се поткастрат сувите гранчиња 2-3 см над земја.

Во април или мај се прави нејзиното обликување, а потоа треба редовно да се залеваат и прихрануваат. Редовно отстранувајте ги прецветаните и суви цветови, а во текот на цветањето прихранувајте ја со течно ѓубриво.

NMD.mk

Интересно е да се додаде верувањето што потекнува од Истокот дека едно ливче од хризантема во чаша вино може да обезбеди долг и здрав живот. Од сето погоре, не е тешко да се заклучи дека хризантемите се симбол на долг и безгрижен живот и еден од најмоќните и најубавите симболи на оптимизмот.

NMD.mk

Ако сте во можност, внесете малку од нивната позитивна енергија и во вашата градина, бидејќи не само што ќе донесе среќа во вашиот живот, туку, исто така, ќе ја направи вашата градина пошарена и поживописна.

Хризантемата првично била со златножолта боја, но дебес во светот има илјадници различни видови по боја и густина. Секоја различна боја си има и свое значење:

Бела хризантема – се поврзува со вистината, јасноста на мислата и правилното донесување одлуки. Најчесто е присутна во просториите за медитација.

Црвена хризантема – знак на љубов и силни cтpacти.

Виолетова хризантема – покажува елеганција и благородност.

Сина хризантема – со себе носи cмиpeноcт и инспирација.

Портокалова хризантема – знак на топлина и напредок.

Жолта хризантема – како најтaжен симбол, носи знак за невозвратена убов.