Неверојатни придобивки од намирница за која малкумина знаат. Дали сте слушнале за црвен ориз? Луѓето од Истокот веќе долго време го користат во исхраната како „лек“ за низа здравствени проблеми, пред сè за чистење на кр-вните садови и намалување на холестеролот.

Оваа намирница е создадена како резултат на долг и сложен процес на ферментација на мешавина од варен ориз, црвено вино, природен сок од билката линцура (која е позната по своето поволно дејство врз кардиоваскуларниот систем) и вода. На крајот во оваа мешавина се додаваат честички од мувла кои содржат природен статин од кој оризот добива карактеристична црвеникава нијанса.

За разлика од вештачките статини, кои се наоѓаат во повеќето лекови за намалување на холестеролот, од кои повеќето имаат негативно влијание врз организмот, особено за срцето и кр-вните садови, природните статини од црвениот ориз воопшто не се штетни.

Овој вид ориз го подобрува функционирањето на цревата, го нормализира процесот на варење, благодарение на изобилството на растителни влакна, ги отстранува ток-сините од телото, што исто така помага да се спречи апсорпцијата на лошиот холестерол во кр-вта.

„Уште една предност на оваа култура е нискиот гликемиски индекс. Ова значи дека јадењето црвен ориз нема да предизвика „скок“на шеќерот во кр-вта. Ова е една од причините зошто оваа храна е особено препорачана за луѓе кои стра-даат од дијабетес“, објасни кардиологот и гастроентеролог Ана Кореневич.

Кога станува збор за црвен ориз, клучно што можеме да кажеме е дека изобилува со растителни влакна и има низок гликемиски индекс. Тие својства го прават погодна храна за сите кои настојуваат да го регулираат нивото на шеќер во кр-вта.

Со оглед на тоа што црвениот ориз е храна која лесно заситува, а не е премногу калорична, се препорачува за честа консумација. Тој е добар извор на енергија од една страна, а и одличен помагач на регулирањето на телесната тежина.

Според кинеската традиционална медицина, низ вековите е познато дека симпатичниот црвен ориз го зајакнува срцето. Исто така, постојат укажувања на тоа дека ја олеснува работата на цревата, а посебно на тенкото црево.

Неговиот состав е таков што го чува нивото на енергија во организмот на завидно ниво. Претставува добар извор на железо и манган, кои учествуваат во изградбата на антиоксидантните ензими. Покрај тоа, црвениот ориз е богат со цинк, кој е важен минерал за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Само една порција црвен ориз содржи 1/5 од дневните потреби за витаминот Б6, кој учествува во создавањето на хормонот на среќата – серотонин. Истражувањата покажале дека редовната консумација на овој ориз може да придонесе за снижување на лошиот холестерол и зголемување на нивото на добриот холестерол во кр-вта.

3 вида на црвен ориз. Иако постојат многу варијанти на црвен ориз, три од нив се најчести низ целиот свет.

Западноафриканскиот ориз (Oryza glaberrima) е еден од двата главни видови ориз. (Другиот е азиски ориз, Oryza sativa.) Има портокава боја и поинтензивен вкус од азискиот ориз.

Црвениот ориз од Бутан (O. sativa subsp. Japonica), исто така познат како хималајски црвен ориз, е ориз со средно зрно од Бутан, кој откако ќе се зготви станува малку леплив. Често се продава полу-мелен.

Тајландскиот црвен ориз (O. sativa), познат и како црвен карго-ориз, е сорта со долго зрно со темно црвена боја и вкус на сладок орев.

Што друго да јадете ако имате проблеми со холестеролот? Одредени намирници, како и промените во исхраната може да влијаат на намалување на лошиот холестерол (ЛДЛ).

Влакна. Само растителната храна содржи влакна, а растворливите се наоѓаат во намирниците како овес, семки, јаболка, цитрусно овошје, леќа и мешунки и се одлични за намалување на нивоата на холестеролот.

Јаткасти плодови. Ореви, бадеми, лешници, ф’стаци и пекан ореви можат да влијаат на нивото на холестерол. Според Американската агенција за храна, ако јадете грст од овие плодови секојдневно, можете да го намалите и ризикот од срцеви болести. Сè што содржи многу сол можете да го замените токму со овие намирници.

Соја. Без оглед во кој облик ќе ја послужите, сојата е одличен начин за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести така што ќе влијае на намалувањето на нивоата на холестеролот. Протеините од сојата се наоѓаат во тофу, јогуртот и млекото од соја…

Омега-3 масни киселини. Го намалуваат нивото на триглицериди и шансите за појава на срцеви проблеми. Токму овие масти ќе го намалат процесот на производство на триглицеридите во црниот дроб, а покрај тоа што имаат противвоспалителни својства, го намалуваат и таложењето на плаки во артериите и ја разредуваат кр-вта. Целта е да внесете најмалку две порции омега-3 масни киселини неделно преку риба, а тоа вклучува лосос, туна или сардини.

Лук. Може да го намали нивото на холестеролот во кр-вта за неколку проценти, но само краткотрајно. Но, треба да се биде претпазлив, бидејќи лукот може да го продолжи кр-вавењето, затоа не смее да се зема пред опера-ција.

Други билни производи: Повеќе студии докажаа дека пискавецот, екстрактот од лист на артичока, ајдучка трева и босилек можат да помогнат во намалувањето на нивоата на холестеролот. Тука спаѓаат и ѓумбирот, куркумата и рузмаринот.