Голем број луѓе не ја сакаат зимата и поскоро би ја преспале во хибернација исто како мечката, бидејќи со зимата доаѓа студеното време и сезоната на грипот, настинките, вирозите и разни други воспалителни, непpиjaтни cocтојби.

Тогаш и лекарските ординации се преполни со па-циенти. За да не се доведете во ситуација да настинете уште повеќе и стоејќи во чекалните да „за-качите” некоја суперин-фекција, пробајте ги овие стари лекови кои со векови наназад ги заштитувале луѓето од разни болести.

Рецептите се пронајдени во некои стари записи од руските православни манастири. Имено, една од намирниците кои секојдневно ги користиме при готвењето, истовремено претставува и лек за многубројни болести.

„Зошто да y-мpe човек во чија градина расте жaлфијата?” – Се прашувал славниот Хипократ, спомнувајќи ја билката која исто така, со илјадници години се користела како природен антибиотик.

Жалфијата (Salvia officinalis) е особено добра за грлото, инфекции на дишните патишта, како и инфекции во устата. Нејзиниот цвет има карактеристичен пријатен мирис, па поради тоа многу често се користи за производство на различни сирупу и ликери. Листовите се меки и со горчлив вкус, а често свежи се џвакаат за дезинфекција на усната шуплина.

pixabay.com

Корисна е и за желудочни инфекции и проблеми со цревата, а помага и при намалување на температурата, грозница и б олки во телото кои се јавуваат на почетокот од настинката и грипот.

Арапите, исто како и Ки незите и Римјаните, верувале дека жалфијата е клучот за долг и здрав живот. Поседува антибактериски, антифунгални и антивирусни својства.

Од друга страна, научно е докажано дека циметот може да ги у-бие повеќето бактерии, па дури и оние кои се отпорни на стандардните антибиотици, а помага и против Ешерихија коли.

Само лажичка цимет, покажало истражувањето, убива 99,5 % од тие бактерии за три дена на собна температура. Затоа, за сите оние кои сакаат здраво да живеат, тимот на НМД приготви три добри и проверени рецепти:

I РАКИЈА ОД ЖАЛФИЈА

Околу 250 г листови од жалфија потопете во 1,5 литар ракија, најдобро лозова. Оставете да отстои три седмици, а потоа процедете и измешајте со 1,5 кг неутрален мед од багрем.

Промешајте и преточете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште три седмици. Повремено протресете, а после овој период можете да започнете со кон-сумирање: По ракиeна чаша секојдневно.

II ТИНКТУРА ОД ЖАЛФИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ

Во 100 мл ал-кохол 70% ставете 20 грама исечкани листови од жалфија. Оставете на топло да отстои еден месец.

Потоа процедете и преточете во посебно стаклено шишенце со пипета. Употреба: По 10-15 капки од тинктурата во малку вода, сок или чај, трипати дневно. Забра-нето е за трудници и деца.

III ЖАЛФИЈА И ЦИМЕТ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Растопете две лажички шеќер како карамел, па прелијте со половина литар млеко, исто како кога приготвувате карамел-млеко со путер против кашлица. Кога ќе зоврие, тргнете од оган и додадете една лажичка ситна сува жалфија и половина лажичка цимет во прав.

Alan Levine / Flickr.com

Оставете да отстои 10-тина минути, а потоа процедете и пијте трипати во текот на денот по една третина од приготвенит напиток. Пред пиење малку загрејте го.