Каде и да се наоѓа на телото, целулитот спаѓа во најнестетските непријатели на поубавиот пол. Иако целулитот не е опасен по здравјето и го имаат повеќе од 90% од жените, сепак претставува проблем од кој сите сакаат да се ослободат.

Антицелулитната диета има за цел да го ослободи организмот од штетните токсини и отрови. Во текот на диетата потребно е да се јаде лесно сварлива храна и да се пијат доста течности.

Вежбите за целулит и антицелулитната масажа нема да бидат делотворни доколку не се комбинираат со здрави намирници и правилна исхрана. Најважните намирници кои се препорачуваат кај антицелулитната диета се следните:

-сиров или варен зеленчук
-сирово овошје или природни сокови
-свежи салати зачинети со лимонов сок, винска киселина или маслиново масло
-свежи сокови од зеленчук
-варени јајца или готвени на малку масло
-јогурт со ниски мм% со или без дополнително овошје или снегулки
-немаслено млеко

ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ – Салами, колбаси, солено месо, сланина, солени грицки, пржена храна, солени сирења и кашкавали, виршли, газирани напитоци, многу зачинети јадења како инстант супи и силни зачини, павлака. Исто така, треба да се одбегнува пиење многу кафе.

МЕНИ ЗА 7 ДЕНА – Понеделник – Појадок: кисело млеко, младо сирење, интегрален леб. Ужина: свежо овошје или природен сок. Ручек: печена риба со компир салата или блитва со компир, парче леб. Ужина: свежо овошје. Вечера: салата, варен зеленчук со малку месо, парче леб

Вторник- Појадок: снегулки со млеко. Ужина: овошен сладолед. Ручек: зелка со месо, салата од цвекло, парче интегрален леб. Ужина: шолја бело кафе. Вечера: пилешко, варен зеленчук, салата, парче леб
Среда – Појадок: био-кифла, сок од морков. Ужина: семки од сончоглед. Ручек: пилешко месо, варен карфиол, салата, парче леб. Ужина: овошен сок или овошје. Вечера: нискомасен јогурт, леб, свежо сирење, салата
Четврток- Појадок: млеко со овесни снегулки. Ужина: 1 крофна. Ручек: говедска супа, варен компир, морков, леб и салата. Ужина: сок од свежо овошје. Вечера: шолја чај, леб со џем
Петок – Појадок: леб, џем и шолја млеко. Ужина: овошје. Ручек: варен грашок, салата и парче леб. Ужина: сок од зеленчук или овошје. Вечера: риба, варен зеленчук, салата и парче леб
Сабота: – Појадок: тост леб, свежо сирење, овошен сок. Ужина: Овошна салата. Ручек: спанаќ со компир, соини шницли, салата и парче леб. Ужина: овошје. Вечера: пица од зеленчук
Недела – Појадок: интегрална кифла, младо сирење, млеко со какао. Ужина: сок од домати или салата од домати. Ручек: џигер, салата и компир пире. Ужина: една палачинка. Вечера: варен зеленчук, месо, леб и салата