Секогаш кога чувствувате немир, кога имате силни главоболки, не спиете добро, имате кошмари, ја губите силата и се чувствувате немоќно: Прочитајте ја оваа молитва против магии, зли јазици и болести.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, со крстот поразувајќи ја древната змија и со врските на мракот во тартарот врзувајќи ја, заштити ме од нејзините сплетки.

По молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, светиот Архангел Михаил и сите небесни сили;

На Светиот пророк и Крстител Јован, светиот евангелист Јован Богослов;

Свештеномаченикот Кипријан и маченицата Јустина;

Светиот Николај чудотворец, свети Никита Новгородски;

Свети Јован Шангајски и Санфранциски чудотворец …

И сите светии, со силата на животворниот Крст и по застапништвото на Ангелот чувар,

Избави ме од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства, уроци и од секоја непријателска клевета.

Со Твојата семоќна сила сочувај ме од злото,

За озарен со Твојата светлина,

Безбедно да стигнам на тивкото пристаниште на Царството Небесно и таму вечно да Ти благодарам Тебе,

На мојот Спасител, заедно со безначалниот Твој Отец и сесветиот и животворен Твој Дух.

Амин.

Извор: Молитва против демонских козней