Топлите летни денови конечно пристигнаа, но предолгото седење дома и продолжената зима секогаш го носи истиот проблем за кој секогаш си мислиме дека „уште има време“. Па така, не започнавме да вежбаме на време и не внимаваме доволно на исхраната.

Од тие причини, топлото време одеднаш „не изненадува“, а ние затекнати стоиме пред огледалото и со незадоволство ги констатираме вишокот килограми и видливиот целулит.

Па сега не можеме гордо да носиме шорцеви или кратко здолниште како претходната година, на пример, затоа што самодовербата се нарушила, а масните нас-лаги и целулитот станале забележливи дури и со голо око.

Кога би имало маги-чно стапче и сето тоа да исчезне без мака… Но, кога еднаш ќе се залепи целулитот, потоа многу тешко се отстранува. Потребно е да се пијат доста антицелулитни чаеви, да се спроведуваат редовни масажи и редовна физичка активност.

Исто така, потребно е да се регулира исхраната и да се исфрлат некои намирници кои придонесуваат за зголемување на видливоста на целулиот. Потребно е да се пие многу вода  и најважно, потребно е многу време за да отпочне сето ова да се реализира во видливи резултати.

А летото ни е пред врата и немаме толку време, колку и да сме ревносни во намерите да се ослободиме од целулитот. За среќа, постојат некои т рикови со чија помош, барем моментно, целулитот може да стане невидлив, или барем да стане потешко забележлив со голо око.

Овие неколку методи можете да ги испробате и да ви користат особено доколку планирате некоја свечена вечер или ручек каде е потребно да облечете некое пократко здолниште или шорцеви.

Користете ги овие трикови, но не заборавајте дека секап треба да се „ф рлите“ на вежбање и спроведете правилна исхрана, колку е можно поскоро, за да имате долготрајни резултати:

Лак за коса

Набавете лак за коса со висок степен на задржување и испрскајте на б утовите, односно деловите погодени од целулит. По нанесувањето на лакот, застанете исправено и не движете се додека лакот да се исуши целосно. Треба да почувствувате затегнување на кожата.

Трикот е следниот: сјајот од лакот се прекршува на светлината, што исто така визуелно ќе ги скрие дупчињата и нерамнините. Опуштената кожа на рацете исто така, можете да ја затегнете и со лак за коса.

Средство за потемнување на кожата

Целулитот е највидлив на светла кожа. Колку е потемна кожата, толку помалку целулит ќе може да се види, па затоа можете да користите спрејови и креми за самопотемнување за оваа намена. Само проверете дали бојата не е премногу темна, за да не се разликува премногу од остатокот од телото.

Ладен туш

Можеби не сте знаеле, но и студената вода ја затегнува кожата. Туширајте се со што повеќе ладна вода и колку што можете да издржите, а површината на телото пого-дена од целулит прскајте ја со што е можно поладна вода најмалку 5 минути. Ефектот ќе ве остави без зборови…