Ова е вкус што гарантирано ќе ве освои при првиот залак. Комбинацијата од месо и компири е најпопуларна не само кај Македонците, туку и насекаде во светот. Пире со шницли, печена шунка со компири во рерна, помфрит и ќофтиња … комбинации има безброј, а сите се подеднакво вкусни.

Но, секогаш има нешто ново, а ние ви гарантираме дека оваа комбинација не сте ја пробале досега. Првиот пат кога ќе го вкусите овој неверојатно вкусен специјалитет, секогаш ќе го сакате да го имате на мени.

Потребни состојки за ќофтиња: 150 г свежа зелка, 50 г мелено говедско месо (или мешано, по вкус), 2 чешниња лук, 1 главица кромид, 50 г брашно, 8 г сол, 1 лажица зачини (црн пипер, ким, црвен пипер, мајчина душица), 2 лажици сечкан свеж магдонос, 30 мл масло, 2 јајца

За фил: 5 компири, 50 г кашкавал чедар, 30 мл млеко, 4 г сол, 1 лажица сечкано нане, 1 лажица босилек. За прелив: 60 г доматно пире, 300 мл врела вода, 100 г кашкавал чедар, малку сечкан свеж магдонос

Постапка: добро измијте ги компирите (неизлупени), па ставете ги во врела вода и варете ги додека да омекнат. Исечете ја зелката во најтенки ленти (колку можете поситно), а потоа измешајте ја со меленото месо и ренданоче лук.

Додајте ситно исечкан кромид и брашно, а потоа и зачините. Прелијте со масло и добро измешајте за да добиете компактна смеса. Додајте јајца и измесете уште еднаш за да се инкорпорираат во смесата.

Покријте го огноотпорниот сад со алуминиумска фолија и масло. Со рака вадете поголеми парчиња од смесата, па обликувајте ги во ролнички (или топки – по ваш избор) и редете ги во подготвен плех. Со раце направете вдлабнатина на средината од секое парче месо.

Печете во рерна загреана на 220 степени околу 30-35 минути. Во мешувреме пригответе го компирот. Добро испасирајте го варениот компир, а потоа додајте кашкавал, млеко и зачини.

Измешајте сè добро за да добиете компактна смеса, а потоа вадете со рака и обликувајте валјачињата, исто како што претходно направивте со месото. Валјачињата треба да бидат со големина на вдлабнатините.

Редете ги компировите ролнички во вдлабнатините од месото. Измешајте го доматното пире во водата и прелијте ги ќофтиња од мнесо и компир. Одозгора наросете рендан чедар кашкавал, по желба може и повеќе.

Вака приготвеното јадење ставете го да се пече во рерна загреана на 220 степени околу половина час. Кога јадењето ќе биде готово, одозгора наросете со сечкан магдонос. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.