Целеровиот сок е природен чистач на организмот кој изобилува со широк спектар на лековити својства. Овој зеленчук e познат природен лек кој се користел уште од античките времиња за намалување на високиот крвен притисок.

Во некои понови истражувања се покажало дека е ефикасен и во борба против ракот, особено кога се комбинира со морковот.

Целерот е богат со витамини и минерали и има низок гликемиски индекс. Тоа значи дека има рамномерен ефект на шеќерот во крвта и не го покачува неговото ниво. Целерот е одличен за дијабетичари.
Изобилува со витамин А, К и Ц и содржи минерали како калиум и фолна киселина.

Фолната киселина (витамин Б) е природна компонента која помага при делба на клетките, помага во создавање на белите и црвените крвни клетки, ги конвертира јагленохидратите во енергија и помага во продуцирање на ДНК и РНК. Целерот содржи малку калории и може да се дава на деца.

Спречува појава на камен во бубрег

– Редовна употреба на целерот во исхраната може да спречи развој на камен во бубрег и жолчното ќесе.

Целерот треба секојдневно да се внесува во исхраната затоа што добро влијае на бубрезите, цревата, мускулите, крвните садови и имунолошиот систем.

Чај од целер против реума

-На оган ставете половина литар вода, па кога ќе зоврие додајте 20 грама листови од целер. Поклопете и оставете да отстои 2-3 минути. Тргнете од оган и оставете чајот да се излади. Процедете и пијте во текот на целиот ден. За лекување на реума се препорачува да се пие секој ден по 4 чаши во период од 4-6 недели.

Помага при остеопороза, болки во грбот, артритис и артроза

– Еден килограм целер да се измие убаво и да се сомеле во машина за мелење месо. Потоа да се сомелат два добро измиени лимони со кора и да се соедини смесата. Складирајте во чиста тегла и чувајте на суво и темно место седум дена. По седмиот ден се процедува и се додава 300 грама мед. Смесата се чува во фрижидер, а се консумира трипати дневно половина час пред секој оброк по една супена лажица. После користење на две дози, болките исчезнуваат.

Циститис и бубрежна инфекција (пиелонефрит)

– Целерот изблендирајте го да добиете каша, па прелијте со 200 мл вода и додадете мед по желба. Промешајте и пијте по две супени лажици, трипати дневно, половина час пред секој оброк.

Лекува секакви болести на кожата и гнојни рани

– Половина чаша листови од целер прелијте ги со јаболков оцет, па додадете малку сол. Смесата ставете ја на памучна крпа или газа, па ставете ја врз болното место да делува најмалку половина час.

Помага при алергија

– Две мали лажички ситно исечкан корен од целер прелијте со 200 мл ладна вода. Оставете да отстои два часа. Пијте третина од течноста трипати дневно, 15-20 минути пред оброк.

Лекува гастритис 

– Четрнаесет грама корен од целер ставете во зовриена вода, поклопете и оставете да отстои осум часа. Пијте по две мали лажички, трипати дневно, 15 минути пред оброк.

Лекува нервоза и несоница:

Џус од целер во соковник:

– Добро измијте го целерот под млаз ладна вода и исечете ги дршките (ребрата на целерот). Листовите поминете ги низ соковникот и испијте веднаш. После 15 минути, антиоксидантите ја губат својата моќ.

Џус од целер во блендер:

– Истата постапка на миење како и при подготовка во соковник, само што во блендерот ќе додадете половина чаша вода (околу 150 мл). Кога ќе добиете хомогена смеса, џусот треба веднаш да се испие.

Текстот за НМД.мк го подготви Мартина Христовска.