ЦЕЛА ЗИМА ВЕ ГУШИ ДОСАДНА КАШЛИЦА: Дишете со слободни белодробни крилја…СИРУП од смокви – рецепт за легендарен лек против кашлица!

Непријатната кашлица е многу честа во овој период од годината, но во вашиот дом се крие лек кој многу лесно и едноставно можете да си го приготвите. Дознајте како да направите одличен сируп против кашлица од суви смокви.

Можете сами да направите сируп против кашлица користејќи стар, но многу ефикасен рецепт. Сè што ви потребно се суви смокви и шеќер.

Сувите смокви се на врвот на листата на здрава храна и се многу корисни за нашето здравје. Смоквите се богати со бета каротен, витамини А, Ц, Е и К, калциум, железо и други минерали. Имаат малку повеќе калории од свежите, но се и високо концентрирани извори на антиоксиданси, витамини и минерали.

Сируп од смокви

Потребни состојки:

1 филџан смокви
1 филџан шеќер
1-2 филџани вода

Постапка:

Сувите смокви и шеќерот ставете ги во тенџере, па прелијте ги со вода, но само толку колку да бидат прелиени.

Варете ја смесата додека шеќерот целосно да се растопи а смесата да стане густа како сируп. Извадете ги смоквите а сирупот складирајте го во шишенце.

Употреба: Се пие во голтки во текот на целиот ден.

За оние кои не смеат да јадат или го одбегнуваат шеќерот – постои решение. Сварете еден литар вода, па додадете 6 поголеми суви смокви. Варете ги околу 4 минути, па извадете го овошјето.

Добиениот напиток е корисен и здрав, бидејќи е богат со железо, калиум и калциум, како и антибиотски материи кои се создаваат при сушењето, а се ослободуваат при варењето на смоквите.

Употреба: кога ве боли грло, изладениот напиток пијте го во мали голтки во текот на целиот ден.

Против болки во грлото

Сувите смокви можат да ви помогнат да се ослободите од непријатното чувство на печење во грлото. Сомелете ги во миксер и измешајте ги со домашен мед. Полека јадете од овој препарат кога чувствувате потешкотии при голтање или за ублажување на кашлицата.

За празнење на цревата

Исечете три до четири суви смокви и три до четири суви сливи, прелијте ги со 200 мл вода и оставете да отстои преку ноќ. Наутро исцедете ја течноста и испијте ја, а овошјето изедете го. Ова помага против запек и ја подобрува дигестијата.