Цела деценија се борам со канцерот, сакам да живеам, одлучив да победам, а знам и како

Сандра Жубори од Бачка Паланка речиси целата последна деценија ја поминала во борба со најтешкиот противник.

Светот во кој живееме има многу херои. Оние кои ги победиле најтешките битки, оние најтешките. Сандра Жубори од Бачка Паланка, е една од жените кои успеала да се надмине себеси, другите, очекувањата и болеста.

-Кога се разболев, моето помладо девојче имаше 19 месеци. Ја гледав така нежна и мала, и додека ја доев во главата имав само едно: дека моите ќерки се мојот живот и мојата смисла.

Израстокот на дојката во тој момент беше навистина голем, можеше да се види со голо око – раскажува Сандра и продолжува:

-Потајно се надевав дека ќе исчезне. Се плашев да размислувам што би можело да се случи и го игнорирав советот на докторот веднаш после пораѓај да одам на преглед.

Сандра пред четири години за првпат напипала грутка со величина од зрно на ориз. Тоа било пред да забремени со втората ќерка.

-Не бев вознемирена и не размислував што би можело да се случи. Не можев да замислам дека тоа може да биде рак, имав триесет и шест години и ги елиминирав таквите мисли – додава таа.

Откако ја убедиле свекрвата и нејзината мајка, сепак отишла на преглед, убедена дека има циста.

-Кога ме прегледа докторот, ме праша: “Зошто Вие тоа го викате циста, тоа не е циста, вие имате малиген тумор на дојката”. Излегов од клиниката и и’ реков на мајка ми дека докторот лаже, дека не си ја знае работата, бидејќи беше невозможно мене такво нешто да ми се случи.

“Одбивам да прифатам”, и’ реков. Мамографијата утре ќе ја каже вистината, а бев убедена дека тоа е вистината која сакам да ја слушнам. Но, не беше така како што јас очекував – се сеќава Сандра.

Како што таа вели, не била свесна што има и што ќе се случи. Тогаш, истакнува таа, не се зборувало ниту се пишувало за оваа тема и не била подигната свеста за канцерот како што е тоа денес.

-Мислев дека со операција сè ќе се заврши и дека потоа ќе можам да го продолжам животот. Не ја сфатив сериозноста на ситуацијата. Наодите потврдија дека ми се извадени 14 лимфни жлезди.

Резултатот беше одличен, туморот не се проширил. Одбив да примам хемотерапија, ама 35 пати бев на зрачење во Сремска Митровица. Сама се борев со тоа – нагласува г-ѓа Жубори.

БЕВ САМА

Татко ми беше починат, сопругот работеше во странство, не сакав да ја оптеретувам мајка ми, бидејќи и самата секојдневно се грижев за ќерките.

-Отсекогаш бев силна, но никој не знаеше за моите маки и тремори кои траеја со часови. Склопчена во темната соба сама се борев со демоните – раскажува оваа храбра жена.

Ова искуство, нагласува, ја навело да започне да го анализира својот живот. Сфатила дека е многу незадоволна и дека се наоѓа во буквален јазол, програмирана со обврски и посветена на сè освен на самата себеси.

Недолго после тоа се отселила во Германија. Била депресивна и немала животна радост. Сфатила дека нешто мора да промени.

-Во 2012 година престанав да пијам терапија и почнав на животот да гледам поинаку, се свртев кон сонцето. Тоа искуство многу ме промени. Почнав да тренирам, здраво се хранев и силата почна да расте во мене. Сфатив дека физичката активност е најважна. Барем така беше во мојот случај – вели Сандра и продолжува:

-Одлучив да се разведам и да започнам да живеам нов живот. Да се обидам да ги ставам сопствените потреби на прво место. Болеста тогаш сè уште мируваше, резултатите беа уредни. Примав тамоксифен пет години.

Кога во 2014 година Сандра отишла на осмата редовна контрола на мамографија, лекарите повторно откриле три тумори во истиот квадрант во кој и претходно имала.

-Се сеќавам, врнеше дожд, улицата ми се преврте пред очи. Се врати. Се плашев да плачам. Сакав тој филм веќе да се заврши и да заспијам. Повторно клиника, повторно хирургија, доктори, анализи, бели чаршави, мирис на болница. Повторно.

И затоа канцерот ми се врати. Ми препишаа погрешни таблети после операцијата. Извадив уште пет тумори од лузната – истакнува Сандра и додава:

-После две години – метастази на коски. Вкупно оперирав 11 тумори и сега имам уште два тумори кои стојат. 11 пати напипав грутки и ладна пот ме обли. Не сум ни свесна низ што сè поминав и колку пропатев во животов мој.

Се обидувам да не мислам на тоа. Го променив докторот и клиниката. Не можев веќе да издржам. Почнаа да ме обземаат панични стравови, несоници, изгубив 15 килограми. Губев сила и волја да живеам.

Гледав како полека се гасам и како исчезнувам, не сакав да умрам, а сепак умирав. Одеднаш, ми се појави надеж. Чекав да влезам по резултатот кај најдобриот германски доктор. Од една страна бившиот, а од друга страна сегашниот сопруг и децата. Сите се тресевме.

Бев подготвена на сè и гледав каква перика да си купам. “Нема да умрете. Метастазите имаат најдобра прогноза на коските, за тоа има лек”, ми рече докторот.

БЛАГОДАРНА ЗА ЖИВОТОТ

Оттогаш пијам калциум и витамин Д, на 4 седмици добивам инјекција за метастазите и на секои 6 месеци одам на СТ контрола. Имав уште тумори кои докторите одлучија да ги следат.

И ден-денешен ги имам и живеам со нив. Имам еден на градната коска и еден на шестото ребро кои ги капсулираа и не се движат, додава Сандра.

Првата година откако Сандра се разболела, таа станала веган, а потоа полека во менито започнала да додава јајца и козји производи, а потоа сланина и леб.

-Додека бев веган, покрај себе секогаш имав стаклено шише со смути. Се сладев со урми и јаткасти плодови. Користев безглутенски житарици: киноа, хељда, просо и интегрален ориз. Готвев според макробиотичарот Мичио Куши.

Сандра денес иако слаба, сепак нагласува дека е благодарна што е жива и што добила шанса да го живее секој момент онака како што сака.

-Ми се врати вербата во љубов. Сè си има своја причина и сè во животот се случува причинско-последично. Сега сум “себична” и станав своја, без грижа на совест. Среќа да ме имаат другите каква и да сум, отколку воопшто да ме немаат. Најважно е човек да се слуша себеси и да се сака себеси вистински, да си го слуша својот внатрешен глас.

Сегашниот живот за мене не е крај. Решив дека на следното СТ да нема никакви траги од канцерот. Ќе успеам, а знам и како – заклучува оваа храбра жена.

Претходна статијаОвој напиток спасил милиони животи: Сируп од ружи кој лекува преку 10 болести, од црн дроб до бели дробови
Следна статијаЧајот од гинко билоба и ѓумбир го олеснува дишењето, астматичните тегоби и алергиите