Секогаш кога ќе ја направам веднаш се изедува и ми бараат уште!

Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша јогурт или кисело млеко, 1 чаша масло (од јогурт), 2 чаши брашно (од јогурт), 1 прашок за печиво, сол по потреба, 150 г полномасно сирење, 150 г кашкавал, 150 г шунка, 4-5 кисели краставички и 2-3 црвени пиперки (кисели)

Постапка: Изматете ги јајцата со миксер, да станат пенливи. Во пенасто изматените јајца додадете кисело млеко или јогурт, па промешајте со лажица. Потоа постепено додадете го брашното, прашок за печиво и малку сол – ако сирењето не е доволно солено.

Потоа во смесата додадете ги останатите состојки ситно исечкани, а краставичките и пиперките – претходно исцедени. Сето добро измешајте го, претурете во плех и печете на 200 степени додека да зарумени.