ЌОФТЕ ВО ДОМАТЕН СОС брз, лесен ручек без пржење

Ручек – прсти да излижеш!

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 јајце
1 главица кромид ситно сечкан
1 чешне лук ситно сечкано
2 лажици презли
1 лажица вегета
1 лажица масло
Сол, црн пипер, малку слатка пиперка

За СОС:

500 мл доматен сос
3 чаши вода
50 мл масло
3 лажици брашно
сол
1 лажица шеќер
малку слатка пиперка

Постапка:

Измешајте ги сите наведени состојки за ќофтето и оставете најмалку половина час во фрижидер, потоа обликувајте топчиња со величина по желба.

СОС: пропржете малку брашно на масло, додадете доматен сос, измешајте и полека додавајте вода, а потоа и зачини. 

Штом зоврие, додавајте едно по едно топче месо, намалете го огнот и гответе на умерена температура околу 40 минути.

Послужете со компир пире.

recepti.com

Претходна статијаЦАРСКА ПИТА проверено добар рецепт
Следна статијаДали сте забележале исцедок на долната облека? Еве што тоа говори за вашето здравје