Трпев болки во стапалата, колената и колковите – овие лесни вежби ми помогнаа и болките исчезнаа

Во текот на минатите години имав болки во коленото поради што ми направија неколку операции, но и натаму некогаш ме болеа и имав неугодно чувство.

Болката во колената, стапалата и колковите може да укажува на оштетување на тетивата или ‘рскавицата. Проблемот тешко се дијагностицира бидејќи доколку имате проблем со колковите тоа може да доведе до болки во колената, а проблеми со колената може да доведат до болки во стапалата.

Секогаш ми советуваа да правам превентивни вежби за да ги подобрам зглобовите, но никогаш не разбирав како и кои вежби да ги правам. И да бидам искрен, никогаш немав време за тоа.

Меѓутоа, неодамна пронајдов некои совети кои би можеле да им помогнат на луѓе кои трпат болки во колковите, колената и стапалата.

ЗАЈАКНЕТЕ ГИ СКОЧНИТЕ ЗГЛОБОВИ ( ГЛУЖДОВИТЕ)

Loading...

Седнете и подигнете ја ногата. Полека кружете со подигнато стапало.

Повторете 10 пати во една насока и 10 пати во друга. Направете го истото и со другата нога.

ОДЕТЕ НА ПРСТИ

Можеби звучи чудно, но ова е вежба која можете да ја правите додека шетате по дома или извршувате секојдневни задачи.

Обидете се брзо да одите на прсти – ова ќе ги зајакне колената а истовремено ќе биде вежба и за вашите стапала. Исто така, одлична е за подобрување на рамнотежата.

Правете помеѓу 5 и 15 минути или кога ќе се заморите престанете.

ПОДИГНЕТЕ ГИ НОЖНИТЕ ПРСТИ

Земете столица и застанете зад неа, користејќи ги рацете за одржување на рамнотежа.

Подигнете ја едната пета од подот. Полека подигајте ја петата од другата нога како да стоите на прсти. Полека вратете ги петите на под.

Повторувајте ја оваа вежба 10-15 пати на секоја нога.

ТРЕНИНГ ЗА ОТПОРНОСТ

Завиткајте гумена лента околу некој стабилен мебел а другиот крај околу својата нога.

Стапалото придвижувајте го во различни насоки – 10 пати кон внатре и 10 пати кон надвор.

Повторувајте 10-15 минути на секоја нога.

ДВИЖЕЊЕ НА НОЖНИТЕ ПРСТИ

Свиткајте ги ножните прсти на неколку секунди, а потоа протегнете ги. Повторете го ова 30 пати.

На под ставете мал пешкир, прстите раширете ги и обидете се со нив да го подигнете пешкирот и да го префрлите во корпа.

КОРИСТЕТЕ ТОПЧИЊА

Земете тениско топче или некое друго со слична величина, седнете на стол, ставете го стапалото врз топчето и притиснете го.

Движете го стапалото полека кон напред и назад. Уживајте во масажата.

Коментар на Enver Ajdar:

“Primer jas imav problem 8 mes. So desnoto stopalo .Imav nesnosni bolki .Bev na snimanje i pregledi terapii fizikalni .no nishto ne mi pomogna .pri odenje strashni bolki imav. No slucajno od edna babicka napazar me prasha sinko shto te maci shto so nogata losho odish.i i kazav shto maki imam 8 mes.Babickata mi rece sinko imash li doma valjak od presa za presuvanje patlidjsni rekov imam.I mi veli sinko ima lek . 10 dena sekoja vecer pred spienje stavi gi stopalata vo topla voda so morska sol po 20 mi. Posle izbrishi gi so suva krpa.potoa desnoto stopalo pa levoto ke go gazish valjaceto napred nazat boli strashno no posle 5 m te opushta sekoe stopalo po 10 min .Toa i go napraviv 15 dena sekoja vecer.Bolkite prestanaa petite ne me bolea a i kicmata pestana da me boli. Bev i pred komisija na ortopedija na kontrola .Koga vidova kako odam i deka nemam bolki .Me prashaa kakva fizikalna terapija i lekarstva sum primenuval.A jas im go pokazav valjakot od presata za patlidjani i rekov doktori ova bilo lekot.Se nadevam nekomu moze da mu pomognam da se izleci od ishialgija na kicmata shilci vo petite no i mnogu drugi bolesti vo tabanite se mnogu akupukturni tocki povrzani  so nervniot sistem .”

Loading...