Рецепт и видео презентација на Гурман ТВ – Киндер торта која се приготвува многу лесно, а е и превкусна. Киндер тортата е идеален десерт за сите пригоди, особено за престојните празници. Се приготвува многу лесно, а има и извонреден вкус кој ќе ве изненади вас и вашите најблиски.

Потребни состојки: Мелени бисквити или плазма 350 г и полурастопен путер 200 г. За фил ќе ви бидат потребни следните состојки: 550 мл млеко, 150 г шеќер, 70 г брашно, 2 јајца и 100 г путер. За прелив: 100 г шеќер, 40 г какао, 1 јајце, 200 г нутела и 200 г путер.

Постапка: Сомелете ги бисквитите или плазмата и во нив додадете го полурастопениот путер. Мешајте додека не се соедини смесата и добие песоклива структура. Вака подготвената смеса распоредете ја еднакво во калап (плех) со пречник од околу 20 см, намастен и обложен со проѕирна фолија.

Оставете ја смесата да се олади во фрижидер околу 10 минути. Во меѓувреме пригответе го филот: Млекото ставете го во тенџере на тивко да се загрее, а во посебен сад ставете го шеќерот, брашното и јајцата и измешајте ја смесата да нема грутчиња, додека стане мазна.

Кога ќе добиете жолта хомогена смеса додајте ја во загреаното млеко кое е сè уште на рингла. Повторно промешајте и кога зусне, додадете 100 г путер. Промешајте добро да се растопи и соедини во кремот, па излејте ја рамномерно врз подлогата во калапот. Изтамнете.

Оставете да се олади и стегне во фрижидер околу 2 часа. За последниот слој во тенџере на загреана рингла додајте ги шеќерот, какаото и јајцето. Мешајте додека смесата се соедини, а потоа додадете ја нутелата и путерот. Продолжете да мешате уште неколку минути.

Откако убаво ќе се изедначи смесата, распоредете го преливот во плехот врз претходните 2 слоја и оставете да излади уште 2 часа. Потоа отстранете го калапот и послужете ја тортата. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Втор рецепт – Највусните обланди во цел свет – за само 20 минути: рецептот е вистинско богатство! Брзо, супер вкусно и совршено изненадување за неделно попладне во семејниот топол дом – КИНДЕР ОБЛАНДИ. За да ги бриготвите овие обленди ќе ви бидат потребни следните состојки:

3 листови обланда, 100 г чоколадо за готвење, 250 г путер/маргарин, 800 г шеќер, 600 г млеко во прав или соја млеко во прав. Постапка: Направете шербет од 200 мл вода со шеќер како за слатко. Посебно со миксер изматете го путерот, додадете млеко во прав и соединете ја смесата.

Врелиот шербет додадете го во путерот со млеко во прав и добро измиксајте. Поделете на два дела и во еден додадете го растопеното чоколадо. Оставете да излади а потоа филувајте: обланда – црн фил, обланда – бел фил и ставете лист обланда. Изладете во фрижидер./recepti.com

Трет рецепт – Киндер штангли за 20 минути – брз колач без печење, децата многу го сакаат. Потребни состојки за темен слој: 150 г шеќер, 100 мл вода, 125 г путер/маргарин, 50 г чоколадо, 150 г мелени бисквити, 150 г мелени ореви. За бел слој: 200 г шеќер, 50 мл вода, 125 г путер/маргарин, 200 г млеко во прав.

Постапка: За темен слој: Во еден сад ставете шеќер и вода да се вари додека шеќерот да се растопи. Додадете путер и чоколадо да се растопат, па тргнете од оган и додадете мелени бисквити и ореви. Добро измешајте. Смесата ставете ја во претходно намастен калап 25х20.

Бел слој: Пенесто изматете го путерот со млекото во прав. Во еден сад ставете шеќер и вода па гответе додека да добиете густ сируп. Топол додадете го во тенок млаз во изматениот путер со постојано миксање околу 1-2 минути. Додека е уште топло (смесата брзо се стега) го излеваме преку темниот слој, израмнуваме и оставаме да излади./coolinarika.com