Во продолжение можете да го прочитате рецептот кој беше најсподелуван измината година, за приготвување на универзално тесто од кое понатау можете да приготвувате било какво печиво. Погодно е за кифли, празни или филувани, пити и погачи, пици и други разни печива.

Како втор рецепт во овој прилог ви приготвивме рецепт кој има и видео презентација, за многу вкусно универзално тесто, а третиот рецепт е на Верица Николиќ која го објави најдобриот рецепт за тесто од кое се прават кифлички. За првиот рецепт – тесто за 15 минути – сите состојки се мешаат, а потоа се ставаат во кеса.

Еве кои состојки се потребни: 4 шолји од 200 мл брашно, 2 лажици шеќер, ½ лажица сол, 2 лажици масло, 500 мл млеко, 11 г сув квасец (1 кесичка). Млекото треба да биде малку млако (за посно тесто ставете вода, а наместо млеко може да ставите и јогурт малку замлачен или на собна температура).

Постапка: Тестото навистина многу едноставно се приготвува. Соединете ги сите состојки во една хомогена смеса. Тестото што ќе го добиете се става во кеса, па во фрижидер да отстои два часа. Потоа тестото се вади од фрижидер и лесно за набрашнува (се валка во брашно).

Од ова тесто можете да приготвувате пирошки, лепињи или кифлички. Може да се пече во рерна или да се пржи во масло. Вториот рецепт е – Универзална смеса за најубавите печива, меки и вкусни: Чудо од тесто без јајца и млеко. Од ова тесто можете да прaвите разни кифли, солени и слатки, лепчиња, пица, пити, погачи, леб…

Потребни состојки: 900 – 1000 г брашно, 500 мл вода, 30 г свеж квасец или 10 г сув квасец, 50 мл масло, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол. Постапка: Издробете го со прсти квасецот во еден длабок сад, додадете една лажица шеќер и со малку млака вода измешајте го додека да добиете еднолична смеса.

Потоа додадете уште малку вода и 100 г од вкупното брашно, убаво промешајте и оставете да се активира околу 10-15 минути. Потоа додадете масло и сол, па постепено додавајте го брашното. Замесете убаво мазно, еластично тесто, средно меко, кое не се лепи на раце.

Намастете го и покријте го тестото со проѕирна фолија или кеса (или само со кујнска крпа), па оставете го 40-50 минути на топло место, додека да го удвои својот волумен за 2-3 пати. Потоа од ова тесто можете да приготвувате што ќе посакате, а остатокот да го чувате во фрижидер неколку дена. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Третиот рецепт – Ова тесто е број 1 за правење кифли, се замесува со врело млеко и од него кифлите се меки со крцкава кора. Фото и рецепт: Верица Николиќ – Наташини кифлички. Кифлите ги направив според рецептот на Наташа Ристиќ- Првпат кога го прочитав рецептот знаев дека ќе мора да го испробам.

Малку ме бунеше тоа што тестото се замесува со врело млеко, ама сигурно во тоа се крие тајната која на кифличките им ја дава неодоливата мекост (со благо крцкава кора) и совршен вкус. Од ова тесто можете да правите крофни, штрудли, погачи…Што се однесува од мене, ова тесто отсега во мојата кујна е под број еден за правење кифли (додека не го испробам и за други печива).

Јас направив половина мера, па така и ви ги давам количините за состојките… Потребни состојки: 2 јајца, 2 лажици шеќер, 250 мл млеко, 1 ½ лажичка сол, ½ коцка свеж квасец, 60 мл масло, 630 г брашно (Т-500) и уште е потребно: 1 јајце, 1 лажичка јогурт, сусам и путер.

Постапка: Јајцата изматете ги со шеќерот додека да згуснат и побелат. Додавајте со постојано матење со миксер врело млеко во тенок млаз. После 2 -3 минути додадете половина коцка издробен квасец, масло и сол. Изматете. Постепено додавајте го брашното и месете додека да добиете меко тесто кое не се лепи на рака.

Оставете го во садот, покријте го со фолија или кеса и оставете го да стасува на собна температура додека да се удвои. Стасаното тесто премесете го и уште еднаш оставете го да стаса. Потоа тестото истресете го на набрашнета површина, издолжете го во облик на ваљак и поделете го на 4 еднакви делови.

Од секој дел формирајте топче и со оклагија формирајте кора во форма на круг со дебелина од 2.3 мм. Исечете го на 4 дела и витакјте ги кифличките. Редете ги во плех обложен со хартија. Кифличките можете да ги филувате со солен или сладок фил, по желба. Јас ги направив без фил.

Покријте ги со крпа и оставете ги да стасаат. Потоа премачкјате ги со мешацвина од добро изматено јајце и малку јогурт. Наросете со семки по желба, а на секоја кифличка ставете парче путер со големина од зрно грав. Ставете да с епечат во претходно загреана рерна на 200 степени. Печените кифли извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да изладат.