Ова се неколку совети со чија помош многу полесно ќе памтите кога ќе учите. Сите знаеме дека некои работи кога ќе ги научиме, за кратко време ги забораваме.

За да го спречите тоа, потребно е да повторувате. Кога учите, потрудете се да го повторите истото 3-4 пати дневно. За да не го заборавите тоа што сте го научиле, потребно е истото да го повторите барем уште еднаш во три седмици.

Од тоа можеме да заклучиме дека повторувањето е клучно за да се задржи информацијата што подолго во сеќавањето. Кога учите некој јазик на пример, би било добро, за секој научен збор да ја научувате и неговата спротивност. На пример: ден-ноќ, добро-лошо и слично.

Зборовите кои сакате да ги запамтите наредете ги во приказна, така најлесно ќе ги научите. Она што ќе ви помогне се асоцијациите.

Исто така, кога учите, фокусирајте се на важните информации. Не учете се’ од збор до збор, бидејќи така брзо ќе го „прегреете“ мозокот. Прераскажувајте ги лекциите, објаснувајте ги на свој начин.

Не се преоптеретувајте, учете редовно и не чекајте да ви се собере голем материјал, бидејќи тогаш е многу потешко за учење.

Се надеваме дека ова ќе ви помогне подобро да ги памтите лекциите, а вие останете со нашиот портал и прочитајте други интересни и корисни содржини кои ви ги пласираме секојдневно.

И.П. – НМД