Палачинките се омилен десерт на многумина од нас. Лесно се подготвуваат, а вкусот е незаменлив. Сепак, колку и да ги правиме и колку лесно и да се подготвуваат, може да се случи тестото да не излезе како што треба.

Кулинарски експерти советуваат дека е доволен само еден мал чекор за вашите палачинки секогаш да имаат совршен вкус. Обично, кога ќе ја измешаме смесата за палачинки, секогаш ставаме цели јајца. Можеби звучи неверојатно, но тука е грешката.




Треба да ги одделите белките од жолчките. Ставете го брашното во сад, додајте ги жолчките, млекото и водата. Потоа додајте го шеќерот и добро промешајте. Изматете ги белките одделно и додајте ги во претходно направената смеса. Ако подготвите палачинки на овој начин, со сигурност ќе имаат совршен вкус дури и кога ќе се изладат.

Не заборавајте на крајот да ја додадете газираната вода, бидејќи таа заедно со јајцата е тајната состојка за палачинките да бидат меки и мазни на текстура. Потоа уште поубаво е ако ја ставите смесата во фрижидер да отстои уште 1 час за состојките поубаво да се соединат за тоа време.




ПРОЧИТАЈТЕ ГО РЕЦЕПТОТ ЗА КЕТО ПАЛАЧИНКИ: Од оваа смеса излегуваат по 4 палачинки, и тоа големи, а тоа е доволно како оброк за еден дијабетичар. Можеби не сте знаеле, но дијабетичарите треба да јадат по малку, повеќе пати во текот на денот. По потреба, зголемете ја количината.




РЕЦЕПТ ЗА БЕЛИ СЛАТКИ ПАЛАЧИНКИ. Потребни состојки: 40 г бадемово брашно, 4 цели јајца, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка арома од ванила, замена за шеќер околу 60 г или повеќе по ваша желба.




ПОСТАПКА: Јајцата добро се матат, па се додава лажичка маслиново масло заедно со аромата од ванила. Потоа се додаваат сувите состојки односно бадемовото брашно и стевијата. Јас користев течна стевија, но доколку не можете да најдете, може да користите и во прав.




Смесата добро се меша за да нема грутки, а готова е кога ќе има средна густина. Палачинките се печат во намастено специјално тавче за палачинки, при што мора тавчето да го премачкувате при прелевање на секоја наредна палачинка. Палачинките се печат по 1-2 минути по страна, исто како и обичните палачинки.




РЕЦЕПТ ЗА ЧОКОЛАДНИ ПАЛАЧИНКИ. Потребни состојки: 4 цели јајца, 20 г бадемово брашно, 20 г какао во прав, околу 100 г замена за шеќер (стевија во прав), прстофат сол и лажичка маслиново масло.




ПОСТАПКА: Во сад се матат јајцата, па се додава маслиново масло и на крај со постојано мешање се додаваат и сувите состојки. Оваа смеса може да ја матите и со миксер.




Прстофат сол се додава бидејќи го зајакнува вкусот на какаото, а малата количина си го прави своето. Палачинките се печат исто како во првиот рецепт, а во продолжение проследете го и третиот рецепт за солени палачинки.

РЕЦЕПТ ЗА БЕЛИ СОЛЕНИ ПАЛАЧИНКИ. Потребни состојки: 4 цели јајца, 40 г бадемово брашно, малку сол и црн пипер, а по желба може да додадете и некој друг зачин.




ПОСТАПКА: Јајцата добро се матат, па се додава брашното и зачините. Палачинките се печат исто како претходните два рецепти, а може да ги правите за појадок или вечера и да ги комбинирате со кашкавал, нешто сувомеснато или некој намаз по ваш избор.