Решението всушност е многу евтино и едноставно.

Нема ништо поиритантно од тоа кога ќе забележите дека повторно се таложи прашина врз површините, а тукушто сте ја средиле куќата и детално сте ја исчистиле.

Дали и вам ви се случило, за само 24 часа да забележите повторно прашина откако истата детално сте ја избришале?

Веројатно досега сте пробале повеќе начини за отстранување на досадната прашина, а ако му се верува на познатиот “Смитсонијан”, кој тоа го наведе на својот сајт, тајната состојка е глицеринот кој можете да го купите во повеќето аптеки.

Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период.

Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.

Исто така, глицеринот е ефикасен и во елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин.

Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот.

За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите.

Повеќе корисни информации околу чистењето и отстранувањето на дамки, може да прочитате ОВДЕ (анг.ј.)