Тридневна диета со јаболка – безбедно ослабете три килограми

Јаболката имаат малку калории, а многу диетални влакна, па само за три дена можат да овозможат безбедно да согорите три килограми.

Диетата со јаболка е една од попознатите диети, а безбедна е за применување токму поради краткото траење. Не е премногу ригорозна и секој може да ја издржи.

Како делува диетата со јаболка?

Калиумот и овошните киселини задолжени за согорување на калориите, го подобруваат метаболизмот и го регулираат варењето.

Loading...

Глукозата од овошјето го држи шеќерот на оптимално ниво, а едно јаболко со просечна величина содржи само 90 калории.

Во текот на оваа диета нема да чувствувате глад, а она што е најпрепорачливо во оваа диета е да се снабдите со органски, непрскани јаболка. Само добро измијте ги и не ги лупете, бидејќи она што се содржи во нивната лушпа и под неа се всушност најкорисните нутриенти потребни за оваа диета. Ако сепак не можете да се снабдите со органски јаболка, тогаш можеби најдобро е да ги излупите.

МЕНИ

Првиот ден за појадок изедете едно парче интегрален леб со лажица свежо кравјо сирење и едно јаболко.
За ужина изедете еден крекер и едно јаболко.
Ручек – околу 140 г риба, едно јаболко, еден портокал и пет стапчиња целер.
Попладневна ужина: 85 г кравјо сирење и едно јаболко.
Вечера: 2 парчиња интегрален леб со малку свежо сирење.

Вториот ден започнете го со појадок од 30 г овесна каша, 130 мл млеко, лажица суво грозје и едно јаболко, а за ужина изедете едно јаболко.
Ручек – палачинка филувана со рендано јаболко.
Попладневна ужина – 80 г немасен јогурт и ½ јаболко.
Вечера: 40 г ориз помешан со ½ банана и 1 сечкано јаболко.

Третиот ден започнете го парче ‘ржан леб со три лажици кравјо младо сирење и едно јаболко, а за ужина изрендајте едно јаболко и 140 г немасен јогурт со малку цимет и сок од еден лимон.
Ручек – 80 г печено пилешко месо со едно јаболко, една црвена пиперка и лажица лимонов сок.
Попладневна ужина – едно јаболко, а диетата ја завршувате со вечера од едно јаболко, една лажица суво грозје и 50 г немасно сирење.

Во текот на овие три дена не заборавајте да пиете доста вода.

Loading...