ТРИАГОЛНИЦИ-ПИНЕРЛИИ СО СИРЕЊЕ…Вкусни и меки како памук…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1,5 супени лажици сув квасец
1,5 супени лажици шеќер
2 чаши млако млеко (400 мл)
1 масло
1 белка од јајце
2 лажички сол
6 чаши брашно
За фил:
1 чинија сирење (измешано урда и чедар/рендан кашкавал)
За премачкување:
1 жолчка од јајце
црн ким
сусам
ПОСТАПКА:
1.Во садот за месење измешајте ги квасецот, шеќерот и топлото млеко. Покријте го и оставете го вака да отстои 5 минути.
2.Додајте масло, белка и сол и измешајте со жица за матење. Брашното додавајте го малку по малку и замесете меко тесто.
3.Покриеното тесто се остава да одмори 45 минути за да ферментира. Потоа малку премесете го и кинете парчиња со големина на мандарина.
4.Топчињата сплескувајте ги со дланката и врвовите на прстите, па во средината ставете фил и тестото затворете го во вид на триаголник.
5.Вака подготвените триаголничиња наредете ги во плех обложен со хартија за печење (со спојките на тестото надолу). Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.
6.Потоа премачкајте ги со жолчка и посипете ги со сусам и црн ким, па ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени.
7.За да бидат уште помеки, штом ќе ги извадите од рерна покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути, потоа послужете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ.