Миењето на прозорите за некого се вистинска аго-нија, а дамките кои остануваат после миењето се уште поиритирачки. Во продолжение прочитајте неколку совети со кои прозорите полесно ќе ги исчистите и а тие долго време нема да се извалкаат, а на крај прочитајте ја приказната на Виолета, како таа го решила својот проблем и за инает на свекрвата, прозорите цело време и биле чисти.

Користете дестилирана наместо обична вода

Водата главно е „тврда“ и содржи големи количини бигор и минерали кои се одговорни за белите траги кои остануваат на стаклените површини после чистењето. Токму затоа дестилираната вода е подобар избор. Пред да употребите средство за миење прозори, површината пребришете ја со сунѓер натопен во дестилирана вода.

Користете оцет наместо средства за чистење

Акохолната киселина е совршен додаток за салати, но и одличен сојузник во чистењето на станот и миењето на прозорите. Во сад со распрскувач ставете раствор со алкохолна киселина и вода во однос 50:50. Прозорите добро напраскајте ги па пребришете ги, а ако се многу валкани, постапката повторете ја уште еднаш.

Магична крпа“ наместо хартија

При миењето прозори и други стаклени површини, најважен е завршниот дел – крпата за сушење, односно гланцање. Најголемата грешка е бришење на прозорите со хартиени шамивчиња, бидејќи тие зад себе оставаат влакненца кои не сакаме да ги гледаме на чист прозор.

Додека некогаш хартијата од дневните списанија беше изборот број еден, денес оваа работа можете да ја завршите со крпа направена од микровлакна која совршено и лесно ја впива влажноста.

Со крпата можете да ги пребришете остатоците од вода, но и да го исполирате измиениот прозор. Откако стаклото ќе се исуши, со сува „магична“ крпа уште еднаш детално пребришете. На тој начин ќе ги отстраните и најмалите траги од дамки.

Од инает кон свекрвата – три години не сум измила прозори, а тие светат како да се денес избришани

Здраво на сите. Се викам Виолета и имам 39 години. Мажена сум и имам две деца. Сопственик сум на мала приватна фирма и за себе сметам дека сум добра сопруга и мајка. Сепак мојата свекрва не мисли така.

Имено, кога се зедовме со Славчо, тој веќе беше вработен додека јас го завршував факултетот. Некако се случи, со мојата диплома пристигна и Александра, мојата прва ќеркичка.

Со Александра дојдоа и непроспиени ноќи, постпородилна депресија и многу нови обврски и грижи. Ни самата не знам како, ама добив нова сила и постигнав детето да биде здраво и напредно, станот чист и ручекот секогаш темпиран да излезе од рерната кога Славчо ќе се врати од работа.

Бев горда на себе бидејќи станав вистинска домаќинка. Тогаш дојде Никола, нашето второ дете и син првенец. Ништо не се промени, работа имаше уште повеќе, а јас и натаму сè постигнував со леснотија. Славчо имаше се повеќе работа, се појавија и службени патувања, се гледавме се поретко, но од друга страна имавме повеќе пари.

Во еден момент додека го миев прозорот, го заспивав детето и гледав ручекот да не загори, ми дојде идеја да започнам мал бизнис на интернет. Славчо ме поддржа и морално и финансиски, па така почнав да работам секој ден кога ќе ги успиев децата.

За две години работата на интернет се прошири така што бев принудена да ја вработам мојата најдобра другарка Ана, а потоа ја вработив и сестра и‘ Ангела. Што да ви кажам…Работа преку глава, толку многу што немав време да им се посветам на домашните обврски.

Станот беше сè повеќе запуштен, а прозорите беа толку валкани што веќе престанав да викам гости дома. Ова се случуваше сè до оној момент кога на интернет ја прочитав статијата „Како на лесен начин да ги измиете прозорите“. Па ми дојде да ум да ја замолам сосетката Сања, како знае и умее, да ми ги измие прозорите.

Сања чисти станови веќе со години, но мене никогаш не ми паднало на памет да ја прашам нешто слично бидејќи секогаш сакав да бидам совршена домаќинка. Свекрвата веднаш негодуваше со нејзините досетки во стилот: „Туѓа рака јадеж не ја чеша“ и дека најдобро би било да ја намалам работата и да му се посветам на домот, ако веќе не успевам да постигнам и едно и друго.

Одлучив сепак да пробам со сосетката, па ја повикав. Сања цел ден работеше и станот повторно беше „цакум-пакум“. Кога и‘ платив и ја испратив, извршив детална инспекција. Додека ги гледав прозорите сфатив дека никогаш веќе нема да фатам крпа во раце.

Бев толку наивна и глупава. Му се докажував на мажот, свекрвата, пријателите. Сакав да бидам совршена домаќинка. Станот да ми биде под конец. Згора на сè се трудев да одржувам линија и да му бидам убава на мажот. Во 10 навечер бев мртва уморна, а Славчо добиваше чист стан, убав ручек, здрави деца и мр-тов тр-уп од жена во кре-вет.

Кога сè ќе се одземе и собере, работата на домаќинката е толку невидлива и толку потценувана. Единствено што жената може да добие се: проширени вени, отечени нозе, висок притисок, шеќер… да не го набројувам непрегледниот список „признанија и ордени“.

Во својот бизнис вложив четвртина од енергијата која ми беше потребна за средување на станот и верувајте ми, драги мои, се исплатеше и се преплати! Наместо да работам Сизифова работа, времето им го posvetuvam на своите деца и мажот.

Свекрвата одамна веќе ништо не ми коментира. Можеби „туѓа рака јадеж не ја чеша“, ама сигурно фантастично ги мие прозорите и ја смука прашината! Напомена: имињата во текстот се променети.