Рецепт и видео презентација на Александра од „Мојата мала кујна“ – Солени стапчиња оригинал како од пекарница, а сигурно и подобри. Покрај рецептите за леб и кифли, мора да го пробате и овој фантастичен рецепт за солени стапчиња. Верувајте ми, идентични се како оние од пекарница, а сигурно и подобри.

солени стапчиња
солени стапчиња

Дали се сеќавате кога првпат се појавија солените стапчиња? Јас се сеќавам дека одев во средно училиште, а претходно имаше само леб, кифли и плетенки. Кога се појавија соленките веднаш станаа хит, не само поради добриот вкус, туку и поради преливот.

солени стапчиња

Потребни состојки: 600 г меко пченично брашно (тип 400, 450, 480, 500 или 550), 420 мл топло млеко, 1 кесичка сув квасец (7 г), 1 лажица шеќер и ½ лажица сол. За прелив: 1 лажица сол, 2 лажици брашно, ½ лажичка сода бикарбона, вода по потреба и масло за мачкање (околу 1 лажица)

Во подлабок сад ставете го брашното, додајте квасец, шеќер и сол
Потоа додадете млако млеко и замесете со рака
Тестото нема потреба многу да се меси на почетокот..
месете го колку да се соединат состојките и да се формира меко тесто
Покријте го и оставете го на собна температура да отстои 15-тина минути

Постапка: Во подлабок сад ставете го брашното, додајте квасец, шеќер и сол. Потоа додадете млако млеко и замесете со рака. Тестото нема потреба многу да се меси на почетокот, туку колку да се соединат состојките и да се формира меко тесто. Покријте го и оставете го на собна температура да отстои 15-тина минути.

Потоа тестото убаво премесете го на работна површина
тестото месете го неколку минути
потребно е да се ослободи глутенот за тоа да стане еластично
треба да биде меко и нелепливо. Вратете го во садот и покријте го

Потоа тестото убаво премесете го на работна површина. Добро изработете го за да се развие подобро глутенот и да стане еластично. Месете го тестото околу 3-4 минути додека да стане мазно и нелепливо.

оставете го да стасува на собна температура околу 30-45 минути додека убаво да го удвои својот волумен
Потоа истресете го на работна површина и формирајте валјак
поделете го на 10 еднакви делови

Повторно вратете го во садот, покријте го и оставете го да стасува на собна температура околу 30-45 минути додека убаво да го удвои својот волумен. Потоа истресете го на работна површина, формирајте валјак за полесно да го поделите на еднакви делови.

секое парче тежи 100 г
секое парче тесто премесето го со диплење…чекор 1
…чекор 2
…чекор 3
…чекор 4
…чекор 5
…чекор 6
…и на крај затркалајте го со дланката за да се формира топче
формираните топчиња покријте ги со проѕирна фолија
оставете ги да одморат 15-тина минути

Значи, тестото поделете го на 10 еднакви делови (секое парче тежи 100 г). Потоа од секој дел формирајте топчиња, па покријте ги со проѕирна фолија да отстојат 15-тина минути. Од секое топче развлечете соленка со помош на оклагија, а потоа свиткајте во тенок и долг ваљак – стапче.

секое топче најпрво развлечете го да стане долгнавесто
па со оклагија истенчете го
бидејќи тестото е еластично, развлекувајте го колку можете потенко
помогнете си малку и со рацете, па дополнително истегнете го
внимателно започнете со виткањето…
виткајте тенко и рамнимерно
…додека да добиете стапче
формираното стапче префрлете го во тенкиот плех од рерна, обложен со хартија за печење
малку притиснете го одозгора за да залепат слоевите
готовите стапчиња одозгора премачкјате ги со малку масло
доволно е околу половина лажица масло

Вака формираните соленки наредете го во плех обложен со хартија и малку одозгора притиснете ги. Премачкајте ги со малку масло (околу половина лажица). Оставете ги на собна температура да стасуваат околу половина час, а потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Оставете ги на собна температура да стасуваат околу половина час, а потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
За прелив: 1 лажица сол, 2 лажици брашно, ½ лажичка сода бикарбона, вода по потреба и масло за мачкање (околу 1 лажица)
сите наведени состојки измешајте ги и додајте сосем малку вода колку да добиете течна и густа смеса како за палачинки
добро промешајте да нема грутчиња

За прелив: сите наведени состојки измешајте ги и додајте сосем малку вода колку да добиете течна и густа смеса како за палачинки.

Три минути пред крај од печењето, извадете ги соленките и со лажица нанесете го преливот
Вратете ги назад во рерна да се допечат уште три минути
премачкајте ги со малку масло (околу половина лажица)
Прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги малку да подизладат
потоа можете да уживате во нив, меки се како душа

Три минути пред крај од печењето, извадете ги соленките и со лажица нанесете го преливот. Вратете ги назад во рерна да се допечат уште три минути. Печените соленки премачкајте ги со малку масло (половина лажица масло). Прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги малку да подизладат. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во нивниот вкус…